Како до полесно одржување на роботската правосмукалка?

Како до полесно одржување на роботската правосмукалка?

Чистењето на куќата, со помош на роботските правосмукалки, никогаш не било полесно. Технологијата која се применува само ги докажува огромните предности, како во однос на штедење на електрична енергија така и во однос на комфор и заштеда на време.Но, за роботот да може да си ја врши непречено својата работа, мора и самиот да биде во одлична состојба и секогаш чист.

Подгответе го подот

Можеби една од најважните работи пред роботот да почне да чисти е тоа да му овозможиме полесно да си ја заврши работата а во исто време нашите вредни предмети да останат заштитени. Најпрво осигурајте се дека на подот нема некои кабли, обично тоа е продолжен кабел, полначи од телефони, можеби некое парче облека или било што на кое роботот може да наиде. На тој начин ќе ги заштитите и вашите предмети а и самиот робот од некое несакано оштетување. Осигурајте се дека на подот нема детски играчки, плишани играчки и дека нема истурено позначајна количина на течности.

Подгответе го роботот

Се препорачува секогаш да го прочитате упатството за употреба пред да го вклучите роботот за прв пат. Потоа, добро би било да ги запознаете сите поважни делови од истиот. За да осигураме максимална ефикасност при чистењето, неопходно е да се погрижиме за правилно и редовно одржување на роботот. Секојдневно роботот се справува со остатоци од храна, прашина, други ситни честички на подовите, влакна од домашни миленичиња и слично. Сите овие може многу лесно да ја блокираат работата на роботот, па поради тоа се препорачува редовно одржување на истиот. Најчесто под одржување на роботска правосмукалка се подразбира

- Празнење на резервоарите

- Миење или промена на филтерот

- Чистење на четкичките

- Редовна контрола на батеријата

Празнење на резервоарот

Клучна работа е празнењето на резервоарот кога станува збор за чистење на роботот. На колкав временски период ќе го празните резервоарот зависи од неговиот капацитет, од површината на домот, од количината на насобрана прашина, како и бројот на чистења. Се препорачува да се чисти резервоарот по секое пуштање на роботот, така што речиси секогаш ќе биде чист. Постапката е навистина лесна. Треба само да го отстраните резервоарот и да го испразните во канта за отпадоци. Може да ги исчистите ситните остатоци на истиот со малата четкичка наменета за чистење на роботот и неговите делови.

Миење на филтерот

Филтерот е еден од најважните делови на секојa роботска правосмукалка. Неговата задача, всушност е да ги задржува најмалите честички прав, спречувајќи повторно да се најдат во воздухот. Секој вид правосмукалка има одреден тип филтер и важно е истиот да се одржува правилно и на пократок временски период. Филтерот може да го исчистите под тенок млаз вода, се додека не почне да тече чиста вода. Оставете го да се суши на сончева светлина, а се препорачува да се суши 24 часа. Пред повторно да го употребите, проверете дали добро се исушил.

Чистење на четкичките

Чистењето на четкичките е друга корисна работа што можете да ја направите за вашиот робот. Иако роботот има за задача да собира прашина, влакна, коса, трошки и слично, сите овие работи може лесно да се заплеткаат во четките. Со самото тоа се намалува и ефикасноста при чистењето. Затоа, доколку приметите дека роботот вшмукува со намалена моќ, освен што треба да ги проверите филтрите, проверете ја и состојбата на четките. Како да го направите тоа? Најпрво отстранете ги од роботот и со помош на другите аксесоари во пакувањето отстранете сè што се заплеткало. Препорачливо е при постапката да се користат ракавици, со цел да се избегне контакт со насобраната прашина.

Контрола на батеријата

Најголем дел од роботските правосмукалки се програмирани сами да се вратат на базата за полнење при намален капацитет на батерија. За секој случај, добро е секогаш да ја контролирате состојбата на батеријата.

Често се препорачува да ги проверите тркалата на роботот за да се осигурате дека при чистењето не се заплеткале влакна или коса околу нив. Проверете го и повеќенасочното тркало за да се осигурате дека врти слободно. Исчистете ги сите остатоци кои при чистењето се заплеткале околу него.

Доколку сеуште не сте се одлучиле која е роботската правосмукалка која ќе одговара на вашите потреби, погледнете го нашиот каталог на следниот линк и одберете ја совршената за вас.

Xiaomi Роботски правосмукалки

Коментари


Остави коментар