Лента создадена за вашиот домашен тренинг

Лента создадена за вашиот домашен тренинг

Погледнете во продолжение што ја прави лентата идеална за тренинг во домашни услови

Моделот е претежно наменет за пешачење. Станува збор за производ изработен од квалитетни материјали и составен од повеќе слоеви меѓу кои PVC, NBR, PET со цел да овозможат чувство кај корисникот дека се наоѓа на вистинска атлетска патека.

Лентата тежи 25кг и има дебелина од 6.5цм, што ја прави совршена за помали соби, работни студија и слично. Може да издржи тежина до 90 килограми. На предниот дел може да се забележат две тркалца за полесно пренесување од едно до друго место (така може слободно да ја сместите и под кревет, под работна маса и слично).

Опремена е и со LCD дисплеј на кој може да ги прегледате следните информации – начин на работа, моментална брзина, согорени калории, изминати километри и време. Лесно се управува преку инфраред далечинско со кое може да се вклучи и исклучи самата лента, да го регулирате пешачењето врз основа на три начини – пешачење, брзо одење и лесно трчање до 6 км/ч.

Преку далечинското може исто така да ја активирате или деактивирате заштитата за деца. Практично, со овој вклучен начин на работа, максималната брзина е секогаш ограничена на 3 км/ч.

Што се однесува до самиот начин на користење, истиот е исклучително лесен и едноставен. Лентата работи со минимална јачина на звук, кога станува збор за ваков производ, под 60 dB. 

За дополнителни технички податоци во врска со производот, посетете го следниот линк Urevo U1 Лента за пешачење

Коментари


Остави коментар