Мали совети и препораки за користење и одржување на вашиот Roborock S5 Max

Мали совети и препораки за користење и одржување на вашиот Roborock S5 Max

Со право го нарекуваме бестселер од областа на роботските правосмукалки. Производ со врвни перформанси и безброј опции при чистењето. Во продолжение подготвивме кратки појаснувања во врска со апликацијата, некои од опциите на самата апликација како и мали, но корисни совети за негово одржување.

No mop зони

Апликацијата може да се користи за обележување зони и виртуелни ѕидови до кои не сакате роботот да има пристап или пак зони и виртуелни ѕидови кои не сакате да бидат исчистени со водено чистење односно џогирање.

• Начинот Зачувај мапа треба да биде активиран на апликацијата за да може да функционираат таканаречените забранети зони.

• Ваквите зони би требало да се користат за персонализација на чистењето, а не за отстранување на евентуална опасност.

• Рачно поместување на роботот или позначителна промена на домашниот распоред и амбиент може да доведе до бришење на забранетите зони и виртуелните ѕидови.

• Функциите и останатите детали на апликацијата може да претрпат некои поблаги измени поради постојаното ажурирање и надградување на самата апликација.

Селективно чистење на собите

• Обележете специфични соби за чистење на самата апликација. На овој начин, роботот ќе ги чисти само обележаните соби.

• Потребно е да се креира комплетна мапа и да се активира начинот Зачувување на мапата, пред воопшто да може да се користи оваа опција.

• Осигурајте се дека нема некои препреки или опасности кои би го попречиле роботот во чистењето на избраните простории.

Програмирано чистење

• Користете ја апликацијата за подесување на времето и начинот на чистење. Роботот сам ќе се врати на базата за полнење по завршувањето на секое програмирано чистење.

Почеток на циклусот на чистење

• Притиснете го копчето за вклучување за да го вклучите роботот. Веднаш потоа, роботот ќе го испланира најсоодветниот пат за чистење. Роботот најпрво ги чисти крајните делови на секоја една зона, а потоа се поместува следејќи го патот за чистење во форма на Z, на начин што ја покрива и внатрешната содржина на ефикасен начин.

Полнење на резервоарот за вода и чистење на крпата за време на циклусот на чистење

• За да го дополните резервоарот со вода или да ја исплакнете самата крпа, накратко прекинете го чистењето на било кое копче. Измијте ја крпата во зависност од потребата и потоа повторно вметнете ја, а воедно дополнете го резервоарот и повторно инсталирајте го.

Одржување на филтерот ( чистете го во зависност од употребата )

• Отворете го резервоарот според ознаките и отстранете ја сета насобрана нечистотија.

• Во резервоарот за прашина, ставете помало количество вода и затворете го. Благо протресете и отстранете ја валканата вода.

• Користете само чиста вода без да додавате било какви течни средства и детергенти.

База за полнење

• Користете исклучиво сува и мека крпа за чистење на контактите сместени на базата за полнење.

Крпа за чистење

• Се препорачува почесто одржување на крпата

• Отстранете ја крпата од нејзината потпора. Исчистете ја без притоа да додавате течни детергенти и оставете да се исуши.

• Доколку крпата стане премногу валкана, квалитетот на чистењето може да биде незадоволителен. Се препорачува да ја чистите пред секој циклус на чистење.

• Се препорачува промена на крпата на секои 3-6 месеци со цел да се задржи максималниот квалитет на чистење.

Коментари


Остави коментар