Најдобри роботски правосмукалки од брендот Xiaomi за 2020 година

Најдобри роботски правосмукалки од брендот Xiaomi за 2020 година

Во последните години роботската правосмукалка се покажа како една од најдобрите работи добредојдени во сечиј дом. Посебно се истакнуваат роботите од брендот Xiaomi. Секој модел поседува свои лични перформанси и карактеристики, а сите модели се одликуваат со мала тежина од околу 3-4 килограми и елегантен и префинет дизајн, карактеристика на сите производи од брендот Xiaomi. Голем дел од моделите на роботите се достапни на нашата официјална веб страна, а докажано меѓу најдобрите би ги издвоиле следните:

Roborock S6 Vacuum Cleaner

Роботот се карактеризира со ултра напредни спецификации со цел да овозможи кристално чисти подови во вашиот дом, во исто време вшмукувајќи и џогирајќи. Понатаму, S6 роботската правосмукалка може да ја управувате преку вашиот смартфон. Инсталирајте ја апликацијата Mi Home и почнете да му давате наредби на роботот. Обележете ја зоната која сакате да биде исчистена или обележете специфична зона каде не сакате роботот да помине. Уживајте во двојната функционалност на производот – вшмукување и џогирање. Четкичките, кои лесно се отстрануваат, служат за суво чистење на подот, додека пак со резервоарот за вода ќе добиете светкав под.

Roborock S5 MAX

Roborock S5 MAX е изработен од ABS материјал. Опремен е со резервоар за прашина, крпа од микрофибер, резервоар за вода, ротациона четка. Резервоарот за вода има капацитет од 290мл а пак резервоарот за прашина 490мл. Роботот овозможува ефикасно чистење на сета насобрана прашина благодарение на неговата моќ од 2000Pa. Јачината на звукот се движи околу 60 dB и со самото тоа речиси и да не се забележува неговото присуство за време на чистењето. Опремен е со моќна литиумска батерија со капацитет од 5200 mAh со што обезбедува автономија при чистењето до 150 минути. Се карактеризира исто така со напредни сензори и алгоритми, како LDS navigation technology. Со нивна помош успешно креира прецизни мапи на просторот кој треба да биде исчистен а притоа го избира и најефикасниот пат.

Roborock S5 Max наскоро ќе биде повторно достапен во нашиот каталог, дотогаш разгледајте ги останатите негови функции на следните линкови

Xiaomi Roborock S5 Max Бел

Xiaomi Roborock S5 Max Црн

Xiaomi Mi Robot Vacuum Mop P(Pro) 

Oпремен со резервоар за прашина со капацитет од 0,3 литри и супер моќна батерија од 3200 mAh произведена од LG и Panasonic која овозможува подолго работење. Mi Robot Vacuum Mop P се одликува со моќ на вшмукување од 2100 Pa, што е доволно за собирање и вшмукување на поголемиот дел од прашината и нечистотијата во домот, како и влакната кои ги оставаат домашните миленичиња.

Со цел да осигура потполна чистина во вашиот дом, бирајќи го притоа најпристапниот пат за чистење во секој момент, тука е LDS (laser distance sensor) со скенер од 360 степени, кој ја проверува околината во радиус до 8 метри 1800 пати во секунда.

Овој модел е достапен во две бои на нашата веб страна, а подетални информации може да погледнете на линковите

Xiaomi Mi Robot Vacuum Mop P(Pro) бел

Xiaomi Mi Robot Vacuum Mop P(Pro) црн

Viomi V3

Роботската правосмукалка Viomi V3 се претставува со неколку елементи изработени од бакар, наменети да елиминираат дури 99% од сите микровируси и бактерии благодарение на нивните јонизирачки ефекти.Благодарение на HEPA филтерот, издувниот воздух при чистењето е свеж и стерилен исто како да е прочистен од прочистувач на воздух. Роботот доаѓа со вградена LDS навигација и SLAM алгоритам кои креираат прецизна мапа со цел роботот при чистење да ги избегне пречките. Благодарение на овие карактеристики, роботот многу лесно ќе се снајде во сложена средина.

Опремен е со 550мл резервоар за вода и 550мл резервоар за прашина. На ефикасен начин собира прашина, влакна, трошки и друго. Во комбинација со AI Y-type симулирано рачно чистење, може да работи до 150 минути, поминувајќи низ простор од 250 метри квадратни.

Во нашиот каталог имате можност да ги подледнете останатите перформанси на роботот на следниот линк

Viomi V3

Коментари


Остави коментар