Нов есенски Смартус каталог

Нов есенски Смартус каталог

Го обновуваме и надополнуваме нашиот есенски каталог со нашите смарт производи. Во најновиот каталог ќе го најдете екстра популарниот робот Roborock S7. За сите љубители на здравиот живот и спортувањето, повторно ги носиме траките за пешачење Xiaomi A1 PRO и Xiaomi R2. Прочистувачи на воздух, додатоци и резервни делови се само дел од листата.

Накратко да се потсетиме на нивните поважни карактеристики

Roborock S7 – најновото и моментално најпопуларно издание на роботска правосмукалка од Roborock серијата, ќе биде повторно достапно. VibraRise технологија, автоматско препознавање теписи,, извонредна моќ од 2500Pa се само дел од карактеристиките кои го сместуваат на врвот на најдобри роботски правосмукалки.

Роботот ќе биде достапен во бела и црна боја.

Walking Pad R2 – наследникот на извонредната трака за пешачење R1 PRO е веќе достапен во нашиот каталог. Се карактеризира со низа смарт функции, со силен мотор од 918W, LED екран за следење на сите податоци поврзани со вежбањето.

Што друго нуди новата трака може да погледнете на Walking Pad R2

Xiaomi Mijia Walking Pad A1 PRO – Веќе долго време дел од Смартус каталогот. Се покажа како навистина практичен производ, лесен за користење. Управувајте ја траката преку апликација, а статистиките за вашиот тренинг може да ги следите на екранот сместен на предната страна.

Кои се другите опции и перформанси кои ги нуди дознајте на Walking Pad A1 PRO

Xiaomi Mi Air Purifier PRO – понапредна верзија на Xiaomi прочистувачите за воздух. Екран кој ја прикажува моменталната состојба на воздухот во просторијата, HEPA филтер од три слоја. Ослободете се од непријатните миризби, чадот од цигари и сите други штетни честички кои циркулираат низ воздухот.

Што друго нуди овој прочистувач погледнете на Xiaomi Mi Air Purifier Pro

Освен овие производи, во нашиот каталог ќе најдете и додатоци за вашите роботски правосмукалки,како крпи за замена, филтри и четки, филтри за прочистувачи и за безжични правосмукалки и многу друго.

Коментари


Остави коментар