НОВА ГЕНЕРАЦИЈА XIAOMI ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА XIAOMI ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

Каталогот на електрични тротинети го збогатуваме со новата генерација на електрични тротинети од брендот на Xiaomi, односно наследници на мега популарните серии M365 и M365 Pro! Што ни носи овој пат Xiaomi? Во дизајнот се многу слични на нивните претходници, ја задржуваат елегантната и препознатлива линија и секако атрактивниот изглед. Апликацијата е подобрена и овозможува поголема персонализација а новата петта генерација на батеријата Smart Battery Menagment System овозможува поголема автономија. Има и повеќенаменска контролна табла која ви ги дава на дофат сите потребни информации. Благодарение на новите светла пак, тротинетите се сигурни и за ноќно возење. Во однос на претходната генерација, подобрен е и KERS составот за поврат на кинетичката енергија (Kinetic Energy Recovery System). Тротинетите можат да ја повратат кинетичката енергија за време на секое кочење и возење без гас а воедно да ја претворат во употреблива електрична енергија. Што се однесува до кочењето, времето на кочење е доста кратко, при што значителна улога има двојниот состав на кочење E-ABS + диск кочници. Поддржуваат три брзини, а одличните 8.5” гуми ќе ви овозможат непрекинато возење.

Xiaomi PRO 2

Директниот наследник на M365 Pro електричниот тротинет, едноставен за возење и импресивен според неговите перформанси, лесно се пренесува и е одличен за сите видови возење, било да се работи за рекреативно или за секојдневно возење низ градските улици. Благодарение на високиот квалитет на изработка и двојниот начин на кочење, како и јачината на моторот до максимум 600W (300 W / 600 W), Xiaomi M365 PRO 2 ќе ви овозможи возење до 25 км/ч и автономија дури до 45 километри, а воедно тротинетот може да искачи нагорнини до 20% На многу лесен начин ќе ја прилагодите брзината според вашите потреби. На пример, ако се наоѓате помеѓу луѓе или сте во гужва, едноставно префлете се на брзина "пешачење" (0-5км/ч), додека пак при стандардно возење тротинетот ќе постигне брзина до 20 км/ч. Ако пак се наоѓате надвор од гужва подесете ја брзината на начин "Sport" на кој вашиот тротинет ќе постигне брзина до 25 км/ч.

Xiaomi Mijia 1S

Xiaomi Mijia 1S е нов, лесен за пренос и повеќенаменски тротинет. Одличен е доколку сакате да ја избегнете гужвата во прометните места, одличен е за секојдневна употреба или пак за забавно возење низ помалку прометните места и улици. Исто како и Xiaomi M365 PRO 2електричниот тротинет постигнува максимална брзина до 25 км/ч која можете да ја регулирате преку 3 начини на возење. Една од разликите е тоа што овој тротинет го движи нешто помал мотор, односно со јачина до 500W (250 W / 500 W) благодарение на која ќе можете да искачите нагорнини до 14%. Моторот и автономијата до 30 километри го прават тротинетот практичен и лесен за возење низ градот. За едноставното управување и кочење ќе се погрижат E-ABS + диск кочниците и гумите од 8.5”.

Xiaomi Essential

Симпатичен градски тротинет, лесно се пренесува и е супер за помало градско возење. Како и претходните два тротинети, така и овој поддржува 3 начини на возење. Така, на начин “ пешачење”  брзината ќе достигнува 0.5км/ч, додека пак, при стандардна брзина, тротинетот постигнува брзина до 10км/ч. На начин “Sport” тротинетот постигнува брзина до 20км/ч. Работи со мотор со моќ од 500 W (250 W / 500 W), а може да совлада нагорнини од 10% и да овозможи автономија до 20км. На контролната табла која се наоѓа на рачките од тротинетот, може да се проверат сите поважни информации во врска со возењето и со состојбата на тротинетот. Како и претходните модели, така и овој модел користи 8.5” гуми и поседува двоен состав на кочење E-ABS + диск кочници.

Нарачај го твојот омилен електричен тротинет на еден од следните линкови

Xiaomi M365 PRO 2

Xiaomi Mijia 1S

Коментари


Остави коментар