VIOMI V3 - Новата, освежена верзија наскоро повторно достапна во нашиот каталог!

VIOMI V3 - Новата, освежена верзија наскоро повторно достапна во нашиот каталог!

Viomi V3 е новата, освежена верзија на робот од брендот Viomi. Во споредба со претходните модели, на пазарот се претставува со подобри карактеристики и перформанси.

Повеќе од доволна вшмукувачка моќ

Најпрво би ја спомнале вшмукувачката моќ на роботот која изнесува 2600Pa, во споредба со моќта на претходниот модел, Viomi V2 PRO, која изнесува 2100Pa. Viomi V3 има батерија со капацитет од 4900mAh. Новитет кај роботот е тоа што содржи филтер кој го филтрира издувниот воздух при чистење. Содржи сребрено-бакарни јони кои имаат способност да елиминираат 99% од бактериите.

Сензори и алгоритми

Роботот е опремен со радар од 360 степени, алгоритми LDS и SLAM, како и прецизно мапирање. Viomi V3 доаѓа со вградени LDS и SLAM алгоритми, задолжени за креирање прецизна мапа и за избегнување потенцијални препреки. Алгоритмите креираат прецизни мапи и во сложени простории. AI dynamic path алгоритмот се претставува со подобрена ефикасност на чистењето за дури 30%. Со помош на ласер радарот, роботот го избира оптималниот пат за чистење без притоа да пропушти ниту еден агол. Истовремено го крати и времето на чистење.

Начин на чистење и површини

Роботот има способност да исчисти простор со површина од 250м2 во само еден циклус. Содржи резервоар за вода со капацитет од 550мл и еден за прашина од 550мл кој за релативно кратко време собира прашина, влакна, ги собира остатоците од подовите и друго. Во комбинација со AI Y-type симулираното чистење, роботот чисти простор од 250м2 за 150 минути и тоа во еден циклус.

Моделот се карактеризира со 3 нивоа на регулација на вода, односно доста прецизен изнес на вода, така што нема потреба да се грижите дали неконтролирано ќе протече вода и ќе ви го оштети подот.

Сите предности на апликацијата

Додека сте излезени, слободно управувајте со роботот преку апликацијата Mi Home. Ќе ви го исчисти домот токму онака како што вие сте го програмирале чистењето. Преку апликацијата закажете чистење на дневната просторија наутро, кујната попладне или пак закажете чистење на целиот дом за наредниот ден. Роботот може да зачува 5 мапи и со тоа тој е погоден за чистење поголем простор, односно доколку имате куќа на повеќе ката.

Роботската правосмукалка наскоро ќе биде повторно достапна во нашиот каталог, а останатите нејзини карактеристики и перформанси погледнете ги на следниот линк 

Viomi V3

Коментари


Остави коментар