Xiaomi Body Scale - Сите податоци за вашата благосостојба на едно место!

Xiaomi Body Scale - Сите податоци за вашата благосостојба на едно место!

Додаток кој не смее да недостига во вашиот паметен дом

Паметната вага од брендот Xiaomi се карактеризира со дизајн кој ја истакнува помеѓу сите останати телесни ваги: едноставен, но елегантен и модерен. Xiaomi Mi Scale е целосно изработена од бела цврста пластика, со исклучок на четирите електроди изработени од не ‘рѓосувачки челик и наменети за подобро да ја пресметаат вашата здравствена состојба, а не само да ја мерат телесната тежина.

Кога ќе се качете на вагата (задолжително боси) LED екранот под пластиката ќе се вклучи и ќе ја прикаже вашата телесна тежина. Ако пак се задржете малку повеќе на вагата, ќе се пополнат четирите дополнителни бели лед светла кои го прикажуваат збирот на сите други параметри. Во овој случај ќе треба да го чувате вклучен вашиот смартфон за синхронизација во реално време. Доколку сакате да ги синхронизирате податоците на повеќе личности истовремено, едноставно додадете ја вагата на различни смартфони или креирајте нови профили на истата апликација.

Кои се вредностите што ги синхронизира вагата? Тука спаѓа телесната тежина, мускулната маса, масни наслаги, масни наслаги околу внатрешните органи, присуство на вода, коскена маса, метаболизам. За секој од овие податоци апликацијата ви дава една општа слика и индикација за состојбата, а во некои случаи и совети. Обично, тоа се совети од типот Јади подобро и поздраво или Имај почеста физичка активност. Постои и збирна табела на која се прикажани вредностите кои се собирале со тек на време и која можете да ја зачувате или споделите на социјалните мрежи.

Со помош на апликацијата Mi Fit анализирајте ги сите горенаведени податоци а доколку имате и други фитнес производи од брендот Xiaomi можете исто така да ги прегледувате преку оваа апликација. Паметната вага ви овозможува увид во навистина корисни податоци поврзани со општата благосостојба на вашиот организам

- Мускулна маса

- Мерење на масни наслаги базирано на висина и тежина

- Тежина на минерали во коска

- Моменталната количина на масни наслаги

- Увид во масни наслаги околу стомакот и другите внатрешни органи

- Минимално ниво на енергија потребно за подобро функционирање на вашиот организам

- Kоличина на течности во телото изразена во проценти

Тенок дизајн кој дава пријатно чувство на очите, синхронизација без никакви проблеми или пречки, мултифункционален производ се само дел од многуте карактеристики кои вреди да се издвојат.

Апликацијата Mi Fit треба да ја чувате вклучена во текот на целото време додека ја користите вагата.

Доколку и вие сакате да ги имате на дофат сите овие информации во врска со вашето здравје, нарачајте ја вагата на следниот линк

Xiaomi Mi Scale

Коментари


Остави коментар