Xiaomi Mi Note 10: Комбинација на уникатни и иновативни технологии

Xiaomi Mi Note 10: Комбинација на уникатни и иновативни технологии

Mi Note 10 (Глобална верзија од кинескиот Mi CC9 Pro) е дизајниран за сите оние кои бараат комбинација на врвно фотографско искуство, високи перформанси и топ цена

Со овај смартфон Xiaomi ја прошири серијата Mi Note и донесе на пазарот уред чиишто силни точки се уникатноста и иновацијата. Естетски привлечен, достапен е во 3 различни бои (сина, бела и црна). Доаѓа со дисплеј со заоблени рабови и доагонала од 6,47“. Панелот е Super AMOLED со резолуција Full HD + и сооднос 19,5: 9. Квалитетот на екранот е висок, боите се брилијантни, а видливоста беспрекорна дури и на директна сончева светлина благодарение на осветленоста која достигнува 600 nits.

Што најмногу нѐ воодушеви?

Стигнавме до фотографскиот оддел. Задниот фотографски модул за е многу интересен бидејќи интегрира 5 камери. Главната камера за прв пат го користи сензорот од 108 MP Quad Bayer на Samsung. Се дополнува со 12MP сензор (зум 2х) што се користи за активирање на режимот на портрет, 5MP сензор (5x обезбедува 10x хибриден зум, без губење квалитет, и 50x дигиталнен зум опремен со OIS и отвор f / 2.0.).

Оваа Penta Cam ја комплетираат камерите со широк агол од 20 MP (1 / 2.8 "), отвор f / 2.2, еквивалент од 16 mm, видно поле од 117 ° и макро камерата од 2MP, f / 2.4, која овозможува фокусирање на растојание од само 1,5 см од предметот (Супер Макро, и нов рекорд во секторот на паметни телефони), со длабочина помеѓу 2 и 10 см.

„За ISOCELL Bright HMX, Xiaomi и Samsung работеа сложно, од концептуалната фаза сѐ до производство, која резултира во сензор за фотографии од 108 MP. Презадоволни сме што ваквите резолуции, претходно достапни само во неколку врвни DSLR камери, сега можат да бидат интегрирани и во паметни телефони“ - Lin Bin, ко-основач и претседател на Xiaomi

Видеата воодушевуваат со нивната одлична стабилизација и можности за снимање на 2160p@30fps, 1080p@30/60/120fps, 720p@960fps

Предната селфи камера интегрира сензор од 32 МР со отвор f / 2.0, и поддржува снимање на видеа 1080p @ 30 FPS.

Mi Note 10 функционира на Snapdragon 730G процесор. Овој Qualcomm SoC е посебна гејмерска верзија на чипот што веќе ја видовме на Mi 9T . Се работи за Octa Core процесор што овозможува непречена и брза употреба во кој било контекст. GPU на Adreno 618 овозможува поугодно гејминг искуство и нуди подобра оптимизација во користењето. Се карактеризира со 6 GB RAM меморија и 128 внатрешна меморија.

Карактеристика што ќе ја поттикне вашата љубопитност и вашето внимание е батеријата од 5260 mAh.

На 24 септември, заедно со MIUI 11, беше претставена најновата технологија Xiaomi: Mi Charge Turbo. Се работи за моќ на полнење до 30W и за само час и 5 минути може целосно да се наполни батеријата од 5260 mAh. Баш пријатно изненадување од Xiaomi нели?

Глобалната верзија на Xiaomi Mi Note 10 е достапна на smartus.mk по супер цена. 

Mi Note 10 Зелен

Mi Note 10 Бел 

Коментари


Остави коментар