Xiaomi Mi True Wireless Basic 2 – минималистички дизајн и супер перформанси!

Xiaomi Mi True Wireless Basic 2 – минималистички дизајн и супер перформанси!

Производ кој се карактеризира со одличен однос квалитет/цена. Исклучително лесни за користење, Xiaomi Redmi AirDots Basic 2 слушалките се спремни за да ве служат само што ќе ги извадите од заштитната кутија.

Првиот пат треба да ги поврзете со вашиот смартфон, а потоа доволно е само да ги извадите од кутијата и истите автоматски ќе се поврзат. Опремени се со најновата верзија на Bluetooth 5.0, која се одликува со брзина на пренос на податоците два пати побрза во однос на претходната генерација, како и постабилна и побрза конекција.

Се одликуваат со средна и ниска фреквенција, благодарение на бројни усовршувања од страна на експерти за акустика. Се одликуваат и со DSP технологија што значи дека ги филтрира сите надворешни звуци и гарантира кристален аудио квалитет. Со само едно копче може да ја контролирате музиката и повиците, да ја активирате гласовната команда или да се поврзете на интернет.

Во продолжение погледнете ги сите достапни команди

Притиснете еднаш за да вклучите/исклучите музика

Притиснете еднаш за да одговорите/да го завршите повикот

Задржете една секунда за да го одбиете дојдовниот повик

Притиснете два пати за да го активирате гласовниот асистент

Што се однесува до тежина на слушалките, истата изнесува само 4 грама. Батеријата овозможува автономија од околу 4 часа со само едно целосно полнење.

Поврзани со сопствената заштитна кутија, може да ве служат дури 12 часа.

Коментари


Остави коментар