Xiaomi Roborock 2 (Roborock S50 и Roborock S55) рецензија, тест и упатство за користење

Xiaomi Roborock 2 (Roborock S50 и Roborock S55) рецензија, тест и упатство за користење

Со новиот Roborock S50 вашето домашно чистење ќе се искачи на ново, повисоко ниво на ефикасност и конечно ќе постане лесно и попрактично. Roborock S50, Познат како Roborock 2 е вистински бисер во технологијата произведен од Xiaomi, со сите функции типични за роботи што се наоѓаат на врвот од категоријата смарт. 

Ќе се потрудиме, на што поисцрплив начин да Ви ги презентираме главните карактеристики на овој модел. 

Извадете го од кутијата, најпрво одберете место за него во вашиот дом. Треба да биде место за кое нема да се запнува и да има барем половина метар слободно место од три страни. Всушност тоа ќе биде неговата станица за полнење, а веќе по само неколку дена тоа место ќе можете да го нарекувате негова куќичка. Roborock S50 на таму ќе поминува најмногу време, бидејќи по секое чистење самостојно ќе се враќа, ќе се полни и ќе одмара. Баш како што би направиле и вие по секое чистење во домот.

Почетното поставување е едноставно а сите детали ќе ги пронајдете во упатството за употреба на англиски јазик. На вашиот телефон инсталирајте ја апликацијата Mi Home и преку неа поврзете се со правосмукалката, поврзете ја со домашниот WIFI за потоа роботот да биде спремен за прва обиколка на домот.

Доколку сакате роботот да вшмукува и да ги мие подовите, резервоарот треба да се наполни со вода (без средство за чистење) и да се навлажнат крпите од микрофибер и потоа да се додадат на правосмукалката. Одлично е тоа што можете да го пуштите да работи и додека сте на работа.

За првиот пат најдобро е да го оставите роботот сам да направи обиколка на вашиот дом или барем на оние простории кои редовно ќе ги чисти бидејќи со помош на ротирачкиот ласер на врвот од уредот ќе креира мапа или скица на вашиот дом.

Така, во иднина ќе можете да му давате задачи за зонско чистење или да му забраните влегување во одредени простории. Во секој момент можете да го паузирате или да го испратите на полнење. Доколку сакате, можете да го подесите да ве известува преку гласовна порака на англиски јазик, за сето она што го работи. 

Забавно е да се гледа како ги заобиколува препреките во вашиот дом и како се искачува и спушта преку лајсни, теписи, препреки на подот. Доколку така го поставите, роботот автоматски ќе знае дека се наоѓа на тепих и ќе ја зголеми силата на вшмукување.

Сигурно се прашувате како се справува со прашината и честичките кои се наоѓаат на рабовите во просторијата. Роботот располага со четкича која може да ја опфати прашината од рабовите и да ја турка пред себе и да ја вшмукува во садот за отпадоци.

Преку апликацијата можете да го подесувате начинот на работа: Mop, Quiet, Balanced, Turbo, Max а со само едно полнење ќе работи и до 2 и пол саати.

Роботот ќе ја користи водата од резервоарот и потоа со крпата од микрофибер ќе го избрише подот. Што се однесува до одржувањето, едноставно после секое чистење треба да се испразни резервоарот со прашина (50мл), чија големина е доволна за простор од 100 m2. Исто така се препорачува да се испразни вишокот вода од резервоарот, да се испере и добро да се исуши крпата за да не дојде до непријатна миризба.

Пакувањето содржи две крпи, така што секогаш ќе имате крпа спремна за работа додека другата се пере. Времето кое би го потрошиле за извршување на сите овие претходни спомнати активности, искористете го за прошетка или за нешто друго за кое никако немате доволно време. 

Нарачај го твојот Roborock 2 на:

ПЛУС:

- Одлични резултати при чистење подови;

- Автоматско работење;

- Мапирање на просторот и совладување на препреките на подот;

- Автоматско распознавање на теписи;

- 2.5 часа автономно работење;

- Едноставна употреба

МИНУС:

- Непрактичен за куќи на повеќе катови: може да меморизира само 1 мапа, а доколку сакате да го преместите на друг кат, Roborock S50 ќе треба да одново да скенира и да креира нова мапа. За куќи на повеќе катови го препорачуваме Roborock S5 MAX

Коментари


Остави коментар