







Шифра: 366512
Ninebot KickScooter MAX G30 кој поддржува 3 режими за возење, батерија од 551 WH, отпорен на вода и прашина
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1- 2 дена | 2 години гаранција | ЕУ верзија
Новиот Segway-Ninebot MAX G30 електричен тротинет располага со најголема автономност на пазарот: се издигнува над сите останати благодарение на пакетот батерии од 551 Wh и максимална автономност до 65 км и максимална брзина до 25 км/ч.
Моторот, благодарение на моќта од 350 W, му дозволува на ова превозно средство да искачи нагорнини од околу 20%.
Тротинетот е отпорен на вода и прашина, благодарение на IP54 сертификатот кој го поседува. Содржи предни и задни позициони светла , стоп светла и странични и задни рефлектори.
Опремен е со LCD екран во боја и ги прикажува моменталната брзина и начин на возење, дава опомени, се поврзува со Bluetooth и го прикажува статусот на батеријата.
Тркалата, благодарение на предните и задни тубелес гуми со дијаметар од 10 инчи , овозможуваат стабилно и лесно возење, дури и на груби површини.
Се одликува и со подобрени перформанси во кочењето, сето тоа благодарение на системот на двојно кочење.
Поддржува три начини на возење: Eco, Drive, Sport
Со помош на мобилната апликација можеш да ги менуваш брзините, да го пратиш растојанието, да го заклучиш твојот тротинет, да поставиш осветлување, да го провериш статусот, да ги провериш твоите лични статистики од возењето и уште многу друго.
На подалечно растојание можеш да го вклучиш темпоматот и тротинетот ќе ја одржува наместената брзина. Благодарение на едноставниот состав, можеш многу брзо да го преклопиш тротинетот и да го понесеш со себе каде и да посакаш.
За максимална удобност и поголема амортизација при возењето се грижат вакуумските гуми од 10 инчи, кои во случај на дупнување сами се поправаат.
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи