- -1000 ден






Шифра: 340489
Мотор од 300W / 5.2Ah литиум-јонска батерија
Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија
Ергономичен! Практичен! Еко-Пријателски!
Електричниот тротинет Ninebot ES2 користи систем за управување со паметни батерии (Smart-BMS) којшто внимателно го следи работниот статус на секоја ќелија и обезбедува повеќекратна заштита, како што се заштита од прелевање и празнење, заштита при ниска температура итн, со цел да се постигне безбедност и да се продолжи времетраењето на истата. Моќноста на моторот е 300W.
Идеален за патувања на кратки растојанија, Ninebot ES2 постигнува максимална брзина од 25 км/ч и функционира со 5.2Ah Li-ion батерија (вклучена во пакетот) која овозможува автономија до 25 км. Батеријата може и да се надгради, всушност, додавајќи уште една, се зголемува автономијата на тротинетот до 45 километри. Ninebot користи батерии од прва класа со голема моќ за долго и безбедно возење. Дополнителната батерија не само што го продолжува траењето на батеријата, во исто време и овозможува и зголемување на брзината до 30 км/ч.
Oпремен e со цврсти гуми кои се погодни за возење во различни области и терени. Амортизерите ги апсорбираат вибрациите и ја подобруваат енергетската ефикасност, намалувајќи ги оштетувањата предизвикани од нерамни патишта, со што возењето станува постабилно и пријатно.
Eлектричниот тротинет Ninebot е изработен од цврст и висококвалитетен алуминиумски материјал кој се карактеризира со и модерен изглед и елегантен дизајн. Прилагодениот LED дигитален дисплеј позициониран на управувачот покажува брзина, безжично Bluetooth поврзување, како и статусот на батеријата.
Тротинетот може да се контролира преку неговата апликација која може да се превземе бесплатно на било кој Андроид или iOS мобилен уред. Со поврзување со официјалната Ninebot Segway апликација, благодарение на режимот против кражба тротинетот може да се заклучи или да се контролира ограничувањето на брзината. Отвори ја APP Smart Manager во секое време и прилагоди го возењето на твојот Nineboot ES2 електричен тротинет избирајќи меѓу режим на ограничување на брзина, стандарден или пак спортски режим.
Eлектричниот тротинет Ninebot користи предни и задни двокрaтни амортизери, а ергономски закосениот дизајн на потпирачот возењето го прави максимално комотно. Заборави на проблемите за одржувањето рамнотежа. Благодарение на обемните певматски гуми, возењето на тротинетот е безбедно и безгрижно.
Би можело да те интересира: Xiaomi Mijia M365 Електричен тротинет
No customer reviews for the moment.