Xiaomi Urevo Walking Pad U1 - Лента за пешачење

Шифра: 371732

19990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Ултра тенок дизајн, три режими на работа, контрола преку далечински управувач 

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција

Количина
Распродадено


Xiaomi Urevo Smart Walking Pad U1 – Лента за печашење

Едноставна, атрактивна и изработена од еколошки состав – новата лента за пешачење од брендот Xiaomi - Urevo U1 ќе биде вашиот сојузник во вежбање и одржување кондиција и тоа во удобноста на вашиот дом.

Лентата се карактеризира со мали димензии и тенок дизајн, па така многу лесно може да ја пренесувате од една во друга просторија а притоа да не зазема голем простор. Може да ја чувате под кревет, кауч или било кој друг простор во домот. Се одликува со дебелина од само 6.5цм и тежи околу 25 килограми. Уникатниот дизајн, нејзините составни делови и материјал на ефикасен начин ги намалуваат вибрациите и гласноста при работа. Гласноста на производот изнесува нешто помалку од 62 децибели, така што додека вежбате нема да им пречите на соседите или останатите членови од семејството.

Производот е опремен со LED екран на кој јасно може да ги гледате сите потребни информации без разлика дали вежбате преку ден или навечер. На екранот може да добиете информации во врска со брзината, согорените калории, изминатите километри како и времето на користење на лентата. На лентата имате можност да подесите 3 различни брзини: одење, брзо одење и трчање. Максималната брзина која може да се постигне изнесува 6 км/ч. Брзините може да ги контролирате преку безжичниот далечински управувач.

Со цел да овозможи сигурно и опуштено вежбање, самата лента поседува 7 заштити – автоматско исправување на девијации на траката, автоматски прекин на работата кога е потребно, ограничување на брзината, предупредувачка сигнализација и заштита за деца ( лентата се заклучува на максимални 3км/ч).

Внимание: При првиот контакт со лентата, треба да знаете дека е подесен начин на работа за почетници, а максималната брзина е 3км/ч. Кога вкупната километража ќе надмине 3км, светлото за заклучување (заштита за деца) ќе се исклучи со звучен сигнал со што ќе се исклучи и начинот за почетници и автоматски ќе премине на нормален начин на работа со константна брзина.

Карактеристики на производот

Димензии: 148.5x55.2x10.7

Површина за пешачење: 120x42цм

Тежина на производ: 25кг

Максимална издржливост до 90кг

Старосна граница 14-60 години

Минимална брзина: 0.8км/ч

Максимална брзина: 6 км/ч

Влезна моќ: 560W

Волтажа: 220V

Начини на работа: Standby, Рачен, Автоматски

Технички податоци

Бренд
Urevo
Модел
U1
Боја
Црна
Функции
максимална брзина до 6км/ч, максимална тежина до 90кг
Димензии и тежина
1485 x 552 x 107мм, 25 кг
Пакет
1 x Urevo U1 Walking Machine, 1 x напојувачки кабел, 1 x далечински управуач, 1 x француски клуч, 1 x упатство за употреба
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Urevo Walking Pad U1 - Лента за пешачење

Ултра тенок дизајн, три режими на работа, контрола преку далечински управувач 

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop