



Шифра: 361883
Напредно скенирање на просторот, тивко работење, вшмукувачка моќ од 2000Pa, 5200mAh литиумска батерија, 3-4h, трета генерација
Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија
Од третата генерација роботи од брендот Xiaomi, Roborock S6 е уште поелегантен, попаметен и поефикасен.
Го започнуваме патувањето низ импресивната листа со спецификации со неговата батерија од 5.200mAh. Батеријата е речиси двојно поголема од останатите врвни роботски правосмукалки и може да работи и до 3 часа подеднакво вклучена на тивко или урамнотежено работење. Oсвен батеријата, други две дополнителни работи значително помагаат во чистењето на домот со само едно полнење:интелигентниот алгоритам и моторот кој е потивок и поефикасен од претходната генерација.
Ако претходните генерации на роботи ја делеа собата на помали квадрати и го чистеа просторот во внатрешноста на тие квадрати се додека не се покрие целата површина од собата, Roborock S6 тоа го прави на поинтелигентен начин. Откако ќе го исчисти домот за првпат и потполно ќе го мапира, Roborock S6 тогаш ќе ја нацрта секоја соба посебно и потоа ќе ја исчисти.
Тоа не значи само подобра покриеност, туку и побрза покриеност, а роботот од место може подобро да го испланира патот што ќе го помине при чистење. Во просек тоа би значело дека може да исчисти и до 20% повеќе од домот во ист временски период од останатите роботски правосмукалки. Кај овој робот, подобрена е технологијата за скенирање, Roborock S6 е опремен со напреден резервоар за вода, со иста моќност од 2000 Pa. Roborock S6 им овозможува на корисниците уште попрецизна мапа за уште поефикасно чистење. Исто така, ја подобрува ефикасноста во чистењето за 20% со брзо бришење на тесните делови кои се тешко достапни.
Со новиот начин на мапирање на домот, правосмукалката автоматски го идентификува просторот во кој се наоѓа. Кога Roborock S6 ќе заврши со чистењето, поделете ја мапата по соби. Tогаш ќе можете да одберете одредена соба која сакате да ја исчистите во секој момент. Исто така можете да искомбинирате или да ја поделите површината на мапата кога и да посакате.
Освен тоа, Roborock S6 креира виртуелни ѕидови и е идеален за големи куќи на повеќе ката. За разлика од претходните генерации кои беа во можност да мапираат само еден кат, овој робот мапира дури 3 ката.
No customer reviews for the moment.