- -3000 ден









Шифра: 302435
Xiaomi Mi Robot овозможува до 2,5 часа смукање, вшмукувачка моќ 1800 Pa, поврзување и контрола преку апликацијата Mi Home
Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија
Исчисти ја куќата додека пиеш кафе или додека ги гледаш омилените серии.
Паметен и функционален, роботот за чистење Xiaomi Mi Robot е вистински Best Buy.
Ќе отпочнеме со највозбудливата функција за оваа роботска правосмукалка: системот за ориентација.
Роботот има еден подигнат сензор што се користи за лансирање ласерски зраци во сите правци (360°, 1800 вртежи во секунда) со цел да се мапира просторијата, со што се добива прецизна идеја за површините за чистење и за предметите/мебелот кои би можеле да бидат потенцијални препреки.
Се карактеризира со беспрекорен ориентациски систем дури и за препознавање на скали во близина (да се избегне пад и оштетувања), дефинитивно супериорен во однос на другите роботи што ја имаат истата цена. Сензорите се многубројни, и невозможно е да се удри, оштети или да се заглави.
Батеријата од 5200mAh овозможува автономија за чистење до 2,5 часа. Вшмукувачката моќ е 1.800 Pa и е идеален доколку имате домашни миленичиња за чистење на влакна на подот. Oстави го Mi Robot да ја заврши работата за тебе без никаков напор.
Апсолутно најдобрата карактеристика на роботот е интеракцијата со паметните Android и iOS уреди, што овозможува роботот да се контролира. Поврзи го со Wi-Fi мрежата и добиј ги сите потребни податоци во реално време преку бесплатната апликацијата Mi Home. Што може да контролира апликацијата? Во суштина, сè: ни ја покажува картата на куќата како што роботот ја мапирал, за да ја разбереме неговата гледна точка чиишто алгоритам за мапирање (SLAM) го пресметува и оптимизира начинот за чистење. Од апликацијата исто така може да се промени режимот (потивок, помоќен ..) и да се локализира роботот во секое време, дознавајќи кои места се веќе исчистени.
Mi Robot известува кога ќе отпочне да чисти и кога ќе заврши сам ќе се врати на својата база за полнење на батеријата. Доколку има проблем може да се дознае преку апликацијата и истиот навремено да се реши. Може да го надгледува напредокот на чистењето во реално време или да се запре и може рачно да се контролира или да се програмираат одредени чистења по потреба.
- Батерија: 14.4V / 5200mAh литиумска батерија
- Безжично поврзување: Wi-Fi
- Полнење преку база
- Номинален напон: 14.4v
- Номинална моќност: 55W
- Номинален влез: 100 - 240V
- Номинален излез: 20V2.2A
- Номинална фреквенција: 50 / 60Hz
- Сила на вшмукување: 1.800 Ра
- Сад за отпадоци: 0,42L
- Траење на батеријата: 2,5 часа
- Програмирано чистење: Да
- Сензор за избенување пад по скали: Да
- Контрола преку апликацја: Mi Home
- Димензии: 345мм * 345мм * 96мм
- Тежина: 3,8 кг
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи