Корисни совети за лесна употреба и одржување на вашата лента за пешачење

Корисни совети за лесна употреба и одржување на вашата лента за пешачење

Како можам да го поврзам далечинското со лентата? Колку често треба да ја подмачкувам? Во каква просторија е најдобро да се чува? На овие, а и други прашања ќе се обидеме да ви одговориме во текстот што следува.

Што не треба и не се препорачува да се прави со производот?

Не поставувајте на лентата(во близина) никакви чаши или шишенца кои содржат било каква течност.

Не се обидувајте да го оштетите производот или самиот дел за пешачење со остар предмет, четка или абразивен сунѓер или пак со тешки хемиски супстанции.

Не се обидувајте да отстраните делови од производот, освен ако за тоа нема посебно упатство во прирачникот.

Не поставувајте ја лентата на отворено и изложена на дожд, на сончева светлина и други атмосферски влијанија.

Идеален простор во кој може да го чувате производот

Соодветниот простор за чување на лентата треба да е на затворено и доволно пространо место.

Треба да поседува соодветен приклучок и просторот да е добро просветлен.

Речиси сите ленти за пешачење може да се подесат на два начини на работа и тоа рачен и автоматски. Еве неколку интересни информации за секој од нив.

- Рачен начин – при овој начин на работа, прозиводот е приклучен во струја а лентата и контролата на брзината може да се управуваат преку далечинско или преку соодветната апликација

- Автоматски начин - при подесен автоматски начин на работа, лентата и брзината на движење се регулираат преку интегрирани сензори. Движењето на лентата се регулира преку алгоритам кој го открива начинот и брзината на движење на личноста која ја користи лентата

Откако ќе ја вклучите лентата, ќе засветка мала сијаличка која прикажува Standby начин. Треба да го притиснете копчето MODE поставено странично на лентата. Може исто така да го користите истото копче на далечинското или пак да ја вклучите лентата преку соодветната апликација(доколку поседува).

Како да ги поврзете далечинското и лентата?

Во случај лентата да не реагира на копчињата од далечинското( може да се случи при потрес или кога ќе се замени батеријата на далечинското), потребно е повторно да ги поврзете двата уреди на следниот начин – Исклучете и повторно вклучете ја лентата и истовремено држете го притиснато копчето MODE на далечинското се додека не слушнете звучен сигнал ( бип) кој го означува поврзувањето на двата уреди. За време на поврзувањето, далечинското поставете го во непосредна близина на лентата и нејзиниот мотор.

Неколку совети за правилно користење на производот

За време на вежбањето користете само спортски патики.

Не се препорачува да ги поставувате стапалата на рамката од самата лента.

Не качувајте се на лентата кога е во фаза на самоподесување.

Кога лентата не е во употреба, исклучете го кабелот од струја. Секогаш кога вежбате, телото држете го исправено и рацете движете ги покрај телото со цел да одржувате рамнотежа.

Никогаш не ја користете лентата на некоја нерамна површина како на пример нагорнина под одреден агол.

Лентата никогаш не смее да се користи од две или повеќе лица истовремено.

Одржување на лентата

Пред да пристапите кон чистење или поправка на производот, зaдолжително исклучете го од струја. За чистење на лентата никогаш немојте да користите тешки или запаливи супстанции. Доволно е да користите обична крпа за да ја исчистите лентата од прашина.

За чистење на екранчето на лентата, задолжително користете мека сува крпа. Внимателно поминете врз екранот без да употребувате сила.

Што се однесува до подмачкувањето на лентата, користете го маслото кое се наоѓа во самото пакување. Подмачкувањето зависи од неколку фактори и тоа

– тежината на личноста која го користи

- колку често се користи производот и слично.

Се препорачува со 5-6 капки масло да се подмачкува секогаш кога ќе приметите дека има потреба за тоа. Најчесто, подмачкувањето се прави на секои 30 дена.

Доколку ви помогнавме да разјасните некои детали во врска со лентите за пешачење, на вас останува да го погледнете нашиот каталог со  Траки за трчање и нарачајте ја лентата што најмногу одговара на вашите потреби.

Коментари


Остави коментар