Основни термини

Поимот Продавач се однесува на компанијата:

Смартус А - Медиа д.о.о.

Со седиште: ул. Беќир Али Риза 1/2-23 Охрид 6000

Регистриран во Централниот регистар во Охрид

ЕДБ: 40200195540087

Основачки капитал: 1.555.500 денари 

Директор и членови на Одборот:

Ангела Николоска

Фенг Фу

Љупчо Ангеловски

Весна Николоска

Банка: Халкбанк АД Скопје

Сметка: 270073990140134   

Web: www.smartus.mk

e-mail: kontakt@smartus.mk

Терминот Купувач

- Се однесува на лице кое нарачува и плаќа било која услуга или производ преку веб-продавницата на www.smartus.mk

- Физичкото лице мора да биде полнолетно. Во спротивно на оваа одредба продавачот не сносува никаква одговорност.

- Купувачот е одговорен за интегритетот и кредибилитетот на внесените податоци при регистрирањето.

Ако ја користите Страницата, прифаќате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле со Условите и сите поврзани барања. Важно е внимателно да ги прочитате. Доколку не се согласувате со Условите и сите поврзани барања, не може да ја користите Страницата.

Преддоговорно известување

- Штом плаќањето е извршено од страна на купувачот, се смета дека Продавачот и Купувачот склучиле договор за продажба на далечина, потврдувајќи ги спецификациите и цената/цените на купениот/купените производ/и.

- Во текот на купувањето, купувачот ќе треба да ги прифати / да изјави дека е запознаен / дека се согласува со условите коишто ќе бидат доставени по е-пошта како доказ за потврдување на договорот.

- Продавачот го задржува правото по своја дискреција, да менува, додава или отстранува делови од Страната во секое време. Исто така има право да ја промени содржината на овие општи услови, преддоговорни информации, спектар на производи, цени и други информации кои се поврзани со интернет трговијата. Купувачот е задолжен да ги прочита условите пред да отпочне/продолжи со купување. Во спотивно Продавачот е ослободен од било каква одговорност.

- Од страна на Купувачот се бара комплетност и веродостојност на податоците внесени при регистрирањето на личните податоци, адреса за достава и слично.

- Доколку не се согласувате со условите на smartus.mk, не може да ја користите Страницата

- Купувањето може да се врши од било која држава, а испораката на производите само на територијата на Република Македонија.

- Продавачот го задржува правото да не ја достави нарачката доколку постои сомневање за злоупотреба.

- Продавачот е ослободен од каква било одговорност за штета што може да се случи при посета на smartus.mk заради незаконски дејства на трети лица, компјутерски вируси, прекинување на линија за комуникација, неовластен пристап, несоодветно однесување, итн.

- Називот Смартус е заштитен трговски знак на Смартус А - МЕДИА ДОО и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. Смартус А – Медиа ДОО ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак Смартус. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Смартус А – Медиа ДОО и се заштитени со авторско право. Забрането е превземање на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт.

- Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш се залагаме за веродостојност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

- Продавачот се обврзува да ги зачува овие известувања за можна повторна употреба во иднина, а Купувачот е должен да ја сочува електронската пошта во која што се соопштени сите услови.

- Продавачот го задржува правото да ја одбие нарачката доколку постои сомневање за злоупотреба.

- Продавачот е ослободен од било каква одговорност за штета што би можела да настане при посета на интернет страната smartus.mk и незаконски дејства на трети лица, компјутерски вируси, прекинување на линија за комуникација, неовластен пристап, несоодветно однесување и слични случаи за кои не одговара продавачот.

ОПИС НА ПРОИЗВОДИТЕ, ЦЕНИ И ДОСТАПНОСТ

Фотографиите на нашата web страница може да отстапуваат од реалниот изглед на нарачаниот производ. Продавачот не може да гарантира дека боите и изгледот на фотографиите ќе одговараат комплетно на реалната ситуација.

- Цените прикажани на веб-страницата се во денарска противвредност. Вредноста на ДДВ е вклучена во цената на производот. Цената на секој производ се одредува за секој производ поединечно.

- За купување на производи преку smartus.mk важат редовните малопродажни цени. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Смартус.

- Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за фактура и испорака.

- По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, како доказ и потврда на нарачката.

- При евентуални технички проблеми со интернет страната, Смартус има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, без обврзка за извршување обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

- Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Изненадете ги Вашите блиски и побарајте достава на нивна адреса, при тоа фактурата ќе Ви биде пратена по имејл адреса.

- Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фактурата која била издадена на потрошувачот заедно со производот.

- Доколку во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот, Смартус нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да побара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Smartus.mk гарантира за исправноста на производот за време на гарантниот период. Гаранцијата има важност 2 години и се однесува за производите купени во нашата продавница.

Гарантниот период започнува од датумот на купување на производот. Периодот на гаранцијата е означен на фактурата и на гаранцискиот лист.

Гаранцијата може да се реализира со презентирање на фактура за купување или гаранциски лист и со приложување на производот во оригиналната паковка и со сите додатоци.

Гаранцијата се однесува на фабричките недостатоци на производите во однос на квалитетот и исправното функционирање, при користење во нормални услови.

Гаранцијата не важи ако дефектот или штетата е предизвикана од:

• Неправилен транспорт

• Отворање, поправка или модифицирање од страна на неовластено лице

• Неправилно инсталирање и / или неправилно ракување, ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.

• Изложеност на надворешни влијанија за кои не е наменет написот (шокови, вибрации, хемиски влијанија, влага, прашина и сл.)

• Видливо оштетување

• Ако етикетите што го идентификуваат уредот (сериски број, заштитни етикети, датум на производство) се извадени или тотално нечитливи

• Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приклучен производот. Пријава на рекламации на: kontakt@smartus.mk

Сите производи кои презентираат дефекти што спаѓаат во фабрички грешки ќе бидат бесплатно поправени/заменти со нови во најкраток рок.