ЦЕНИ, ОПШТИ УСЛОВИ, РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ И ВРЕМЕ НА ИСПОРАКА

- При избор на производот, цената се изразува во македонска национална валута, денари (ден.) со вклучен ДДВ

- Цената за секој производ е одредена поединечно. Внесувањето на цените е високо контролиран процес, но е од страна на човечки фактор и подразбира можност за грешка

-Продавачот може да ги менува цените без најава. Исто така, Продавачот е овластен да утврди во кое било време, во секое време, попусти, дневни или неделни активности, активности за одреден производ, група на производи и / или за сите производи 

- Купувачот со својата нарачка се согласува да изврши плаќање за нарачаниот/нарачаните производ/и на Смартус

- Доколку не се изврши плаќање до 72 часа, нарачката ќе биде откажана

- Ако плаќањето е исправно и видливо на сметката на продавачот, продавачот веднаш ќе го заврши процесот на испорака на нарачаниот производ/и на наведената адреса од Купувачот

-Во случај на плаќање на достава, тогаш плаќањето треба да се изврши со готовина. Плаќањето на достава овозможува подмирување на трошоците за вашите нарачки во моментот на испорака на претходно одредената адреса

Плаќањето може да се изврши на следните начини

- E-banking

- Плаќање на достава - Готовинско плаќање

- Плаќање на рати

- Со профактура

Увозот е на Смартус А-Медиа ДОО Охрид.

За B2B ценовници или соработка, Ве покануваме да нѐ исконтактирате на: info@smartus.mk

Во рокот на испорака не се калкулира:

- денот на примањето на нарачката/барањето

- задоцнување заради неправилно внесена адреса и лични податоци од страна на купувачот

- задоцнување заради „виши сили“ (невремиња, поплави и сл.) за кои продавачот не превзема одговорност

- неработни денови