ДОСТАВА

Начин на достава

Смартус обезбедува услуги за испорака низ целата територија на Република Македонија во соработка со услугите за испорака на различни курирски служби. Сите производи ќе бидат уредно спакувани со цел да се избегнат какви било оштетувања за време на транспортот. Испораката може да се следи на на веб страната на доставувачот, внесувајќи го тракинг кодот. Ќе бидете известени преку СМС порака на денот на предвидената достава или курирот ќе ве контактира телефонски на бројот што сте го оставиле при купување на производот. Услугата за испорака не работи во недела и празници.

Цена на доставата

Бесплатна испорака низ цела Македонија

Рок на достава

Пратките се доставуваат до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во викенд и празниците доставните служби не испорачуваат.

Пратката се доставува до купувачот со претходен аранжман. Време за испорака е 24-48 часа од денот на поставување на нарачката (плаќање при достава) или прифаќање на банкарскиот трансфер (вирмански). Доколку нарачката пристигне до 12 часот предавањето во достава е во истиот работен ден или работен ден потоа, во зависност од планот за испорака на курирот. Доставата во помали населени места и во подалечните села може да има закаснувања. 

Кога купувачот ќе го прими пакетот, содржината на пратката треба да се провери за сите делови што се наведени во спецификацијата на производителот.

Доколку има дефекти или недостатоци, ве молиме известете нè што е можно поскоро, во рок од 48 часа од пристигнувањето на производот. Поплаки и рекламации после временскиот период од 48 часа нема да бидат прифатени. 

Во случај на задоцнување заради виша сила (изгубени производи, оштетени производи при испорака и слично), продавачот не презема одговорност за „прв ризик“.

Доколку се случи, поради некоја причина, производот да не може да се испорача во рок од 24-48 часа, Купувачот ќе биде информиран за датумот на испорака со известување во описот на производот на самата страница (пред-продажби и слично)

Трошоците за транспорт за неподигнати пратки ги сносува клиентот.

Важно: Доколку не сте ја примиле пратката во договореното време, ве молиме известете нѐ што е можно поскоро по мејл! kontakt@smartus.mk

Ваш Смартус