За Смартус

За почеток, добредојде на нашата веб страна! Ние сме Смартус и сме македонска онлајн продавница за смарт уреди и гаџети, проект на фирмата Смартус А-Медиа д.о.о. Охрид, ЕДБ МК40200195540087 

Смартус А-Медиа е авторизирана продавница и официјален дистрибутер на брендовите Jimmy и Viomi од Xiaomi Ecosystem понудата во Македонија и ексклузивен увозник и дистрибутер на брендот Kingsmith Walkingpad.

Како што се модернизира светот, така и го следиме темпото на технологијата. Затоа, во нашата понуда вклучивме широк избор на најпосакуваните уреди. Со нас лесно ќе ја најдеш идеалната замена за твојот стар телефон, како и паметни уреди кои ќе го подобрат твоето искуство и ќе ти овозможат полесен секојдневен живот. Ако сакаш да направиш дополнителен чекор во модерното време, имаме цела низа нови возбудливи призводи со проверен квалитет како паметни часовници, електрични тротинети, smart home уреди, паметни роботски правосмукалки итн.

Нашиот персонал е тука за да го направи купувањето полесно и поугодно. Очекувајте креативност, професионален, пријателски и лесен пристап. Подготвуваме специјални понуди, попусти и доделуваме награди. Запишете се бесплатно на нашиот Newsletter и бидете први што ги ќе дознаете!

Купувај паметно! Во прилог на двегодишната гаранција за повеќето производи и квалитетниот пред и пост-продажен кориснички сервис, секојдневно се трудиме да го збогатиме нашиот каталог со што поширок избор на смарт уреди по најповолни цени на македонскиот пазар.

Купувај безбедно! Твојата приватност е од голема важност, па ние се грижиме за податоците што ги споделуваш со нас секогаш да бидат целосно заштитени. Уживај безгрижно во шопингот. Гарантираме максимална безбедност на сите наши клиенти. 

Тоа што нудиме од наша страна е:

- Гаранција на нарачаниот смарт уред 

- Голем избор на мобилни телефони, паметни часовници, паметни домашни уреди, гаџети итн

- Бесплатна достава низ цела Македонија во 1-2 дена

Остануваме на располагање за сите прашања, забелешки и коментари: kontakt@smartus.mk или 076 750 968