WALKING PAD A1 PRO - Ваш совршен сојузник во вежбањето!

WALKING PAD A1 PRO - Ваш совршен сојузник во вежбањето!

Дали и вие секогаш сте посакувале да имате домашна лента за трчање? Но, секогаш сте си го поставувале истото прашање – каде ќе ја сместам?Колку простор ќе заземе?

Па, брендот Xiaomi уште еднаш излегува во пресрет на верните потрошувачи, бидејќи тука е лентата за трчање Walking Pad A1 PRO . Станува збор за направа со минималистички дизајн. Дизајнирана да може да ја преклопите и да зафаќа уште помал простор.

Се карактеризира со одлични перформанси кои ќе ве заинтригираат. Во продолжение некоја дополнителна информација во врска со производот.

1. За време на вежбањето постигнете максимална брзина од 6км/ч.

2. На предниот дел од направата се наоѓа LED екран кој ви дава информации во врска со вежбањето и постигнатата брзина.

3. Производителот, на почетниците им препорачува да ја подесуваат лентата на фиксна брзина. Кога направата е подесена на автоматски начин, брзината се зголемува доколку се наоѓате на предниот дел од лентата, додека пак, истата се намалува ако се наоѓате на задниот дел.

4. Изработена исклучиво од висококвалитетни материјали, како што е алуминиумска легура за да се намали тежината на целата лента.

5. Лентата е одвоена од подот само 57мм Зафаќа нешто помалку од половина метар квадратен и 12.9цм дебелина откако ќе ја преклопите.

6. Одлична е за вежбање во домот, во градината или на било кое друго место.

Лентата за трчање наскоро ќе биде достапна во нашиот каталог, а дотогаш останатите карактеристики погледнете ги на следниот линк 

Walking Pad A1 PRO

Коментари


Остави коментар