Xiaomi TV Box S - Нурнете во свет на неограничена забава!

Xiaomi TV Box S - Нурнете во свет на неограничена забава!

Верзијата е поддржана од оперативниот систем Android TV, компактибилен со сите Google апликации и најпознати streaming услуги.

Како што е веќе познато уредот се користи за обичниот екран да го претвори во смарт телевизор, а Вам да ви пружи неограничени можности. Доколку сакате да го гледате омилениот филм или серија, сакате да користите апликации за Android, да ги префрлате сликите и видеата од вашиот смартфон или едноставно сакате да играте Android игри, тогаш TV Box S е уредот кој одговара на вашите потреби и желби.

Xiaomi Mi Box S се карактеризира со одличен хардвер и оперативен систем Android TV, одлични димензии и секако пристапна цена. Откако ќе го поврзете Mi Box S на телевизор преку HDMI приклучокот, започнува брз процес на конфигурација. Може да го активирате TV BOX Android преку класичната процедура со најава преку вашата gmail сметка и интернет поврзување, или пак може да користите смартфон со инсталирана Google апликација.

Дизајн и димензии

Xiaomi TV Box S доаѓа во мало црно пакување со мали димензии. Тежи само 300 грама и е навистина практичен. Поставете го слободно под телевизорот или на било кој дел од мебелот. Треба само да се обрне внимание на приклучоците.

Во внатрешноста на кутијата има Bluetooth далечинско. Bluetooth поврзувањето овозможува користење на производот и кога не е сместен покрај телевизорот. Може слободно да го вметнете во некоја фиока доколку ви пречи, а функционалноста притоа ќе остане иста.

Со одлични карактеристики е и далечинскиот управувач, на кој ќе најдете копчиња за: вклучување/исклучување, копче за гласовни наредби на Google, едно pad копче, 3 копчиња за апликации, назад и дома(home), копче исклучиво наменето за Netflix, копче за подесување на звукот. Далечинското може да се замени со смартфон благодарение на апликацијата Android TV Remote Control.

Техничките спецификации само го потврдуваат квалитетот на производот. Процесор quad core Cortex-A53 од 64 bit, графички ко-процесор GPU Mali-450 и RAM 2 GB. Внатрешна меморија од 8 GB eMMC.

Како што кажавме и погоре, дизајнот е навистина совршен. Се одликува со едноставни и минималистички линии, со заоблени агли. Сето ова му дава пријатен и елегантен дизајн на уредот.

На горниот дел од кутијата, ќе го забележите логотo на производителот Xiaomi. На предната страна пак, се наоѓа бело LED светло, а на задната страна поставени се 4 приклучоци.

Системот се користи со комбинација на далечинското и гласовните команди на Google Assistant. Опцијата за гласовни команди е доста удобна бидејќи овозможува да се отвораат апликации без употреба на тастатури и копчиња.

Пакувањето содржи: Mi Box S, далечинско (без батерии AAA), напојувач со европски приклучок, кабел HDMI.

Xiaomi TV Box S е еден од најдобрите и најефикасни уреди моментално на пазарот. Совршениот хардвер кој овозможува секој екран да го претворите во смарт телевизор со супер перформанси, достапноста на апликациите, streaming, вградениот Chromecast и можноста за персонализација на видео и аудио, го прават овој TV Box Android комплетен и совршен.

Останатите технички податоци и перформанси откријте ги на следниот линк

Xiaomi TV Box S

Коментари


Остави коментар