360 Robot Vacuum Cleaner S10 Роботска Правосмукалка

Шифра: 000449

33990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Елегантен дизајн, со софистицирана 3Д технологија, тивка но висока вшмукувачка моќ од 3300pa

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава од 1-2 дена | 2 години гаранција

Количина
Распродадено


360 Robot Vacuum Cleaner S10 Роботска Правосмукалка

Роботската правосмукалката 360 S10,со својот елегантен дизајн, софистицираната 3Д технологија како и екстремната (но тивка) вшмукувачка моќ, го достигнува врвот на роботски правосмукалки од 2021 година.

За разлика од претходните модели, навигациската кула LiDAR во овој модел е заменета со вграден ласерски систем кој го прави за 60% подобар, со подолг век на траење и за 200% попрецизен.
Овозможува тродимензионално скенирање на домот, кое му го доверува на неговите два сензори: OLS и LDS ласер. Благодарение на воздушно-просторниот скенер dToF и алгоритамот SLAM, мапирањето го прави во реално време, прецизно и точно, интелигентно избегнувајќи ги пречките.

Неговите LiDAR сензори ја користат најсовремената технологија на светлосни импулси позната како dToF "Direct-Time-of-Flight." Во споредба со традиционалната LDS технологија, S10 нуди 4X поголема прецизност при препознавање на предметите и 30% побрзо позиционирање.

Исто така многу лесно се снаоѓа со појако осветлен простор и рефлексија, што за поголемиот дел роботи претставува потешкотија.  Трите моќни LiDAR сензори помагаат S10 детално да го скенира вашиот дом.

Главен ласер – константно се фокусира на предметите на далечина и може да открие предмети или лица кои се наоѓаат на растојание од 6 до 8 метри, што би значело дека лесно може да препознае делови од мебелот кои сте ги преместиле.

Преден ласер – може да ги измери сите предмети кои се наоѓаат на неговиот пат и се поголеми од 0,4 инчи и потоа да се оддалечи од нив или евентуално да премине преку нив за да исчисти.

Ѕиден ласер – третиот ласер се користи за мерење на висината, со чија помош роботот ќе знае дали може да се вметне под некоја препрека или ќе треба да ја заобиколи истата. 

Но, моделот 360 S10 не престанува да нè изненадува. Следуваат неговите функционалности: моќност на вшмукување 3300 Pa, електронски резервоар за вода 520 ml XL (автономија до 300 квадратни метри), резервоар за отпадоци од 500 мл, вреќа за прав за еднократна употреба, батерија со висок капацитет од 5000mAh како и 10x Dual Noise Reduction технологијата која овозможува за 30% потивко суво и влажно чистење во споредба со неговите претходници.

Секогаш, благодарение на неговата беспрекорна интелигенција, може да го препознае типот на површината и да го прилагоди притисокот на чистење врз истата. Покрај тоа, постои можност да се исклучи режимот за влажно чистење врз некои делови од површината, на пример теписи и слично.

Доколку објектот во којшто живеете е на повеќе катови, оваа паметна правосмукалка може да ја користите на сите катови со едноставно избирање на мапата ,обезбедувајќи автономија до 3 часа. Преку апликацијата App e Voice Control (Alexa, Google Assistant e Clova) може да го програмирате и контролирате чистењето истовремено избирајќи ја површината којашто сакате да ја исчистите.

Во резервоарите, советуваме да не користите детергенти или други средства за чистење кои можат трајно да го оштетат производот. Оштетувањата предизвикани од несоодветно користење на детергенти, не влегуваат во гаранција.
За правилно и долготрајно користење на производот, препорачуваме употреба на чиста вода!

Важно: уредот мора редовно да се чисти и одржува со исправни резервни делови (филтри, четки, итн.) кои мора редовно да се заменуваат. Уредот не е наменет за вшмукување течности, масло, стакло итн. (освен ако не е поинаку назначено на производот). Неправилното користење и одржување може да предизвикаат оштетувања и дефекти кои не се покриени со гаранцијата. Не додавајте детергент, оцет или други средства за чистење во резервоарот за вода, тоа може да предизвика оштетување! Исто така, производителот препорачува користење на дестилирана вода за продолжување на животниот век на самиот производ.

Технички податоци

Бренд
360
Модел
S10
Боја
црна
Батерија
5000 mAh
Димензии и тежина
3,85 кг
Димензии и тежина
350 x 350 x 85 mm
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

360 Robot Vacuum Cleaner S10 Роботска Правосмукалка

Елегантен дизајн, со софистицирана 3Д технологија, тивка но висока вшмукувачка моќ од 3300pa

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава од 1-2 дена | 2 години гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop