ADO A26 Електричен велосипед - црн

Шифра: 000537

63990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

500W, 12.5Ah, до 25 км/ч, гуми од 26''

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава до дома | 1 година гаранција

Количина
Распродадено


Доколку сте во потрага по ново превозно средство со кое значително ќе заштедите на вашето секојдневно патување и движење низ градот, тогаш ви го претставуваме новиот модел на електричен велосипед ADO A26! Дизајниран е во стил на класичните mountain bikes . Се карактеризира со голема удобност при возењето, одлична брзина и автономија.

Велосипедот се движи со помош на мотор со јачина од 500 W и батерија со капацитет од 12.5 Ah која овозможува одлична автономија и брзина до 25 км/ч(со можност за отклучување до 35 км/ч). A26 може да се користи на три различни начини и тоа механички, хибриден и 100% електричен погон.

Со цел побезбедно кочење, диск кочниците поставени се напред и назад, а гумите со големина од 26 инчи овозможуваат стабилно возење во различни услови.

За дополнителна сигурност при возењето, A26 е опремен со предни амортизери, предно LED светло и задно рефлектирачко светло. Shimano менувачот е задолжен за седумте различни брзини.

На предниот дел поставен е LED екран кој ги прикажува сите релевантни информации во врска со возењето.

Напомена:

Проверете го вашиот велосипед пред тргнување. Ако воочите дека недостасува некој дел, дека нема доволно батерија, дека гумите не се доволно напумпани, не го користете додека не се осгурате во неговата исправност.

За време на чистењето исклучете го велосипедот, тргнете го полначот и заштитете го гумениот преклоп на полначот бидејќи протокот на вода може да доведе до оштетување. Немојте никогаш да го чистите велосипедот под млаз или силен притисок вода, со алкохол, бензин или други корозивни средства.

Ако сакате да го заштитите траењето на батеријата и да го спречите оштетувањето, не ја оставајте никогаш на сончева светлина подолго време. Секогаш гледајте да ја полните барем еднаш месечно дури и кога не се користи, а велосипедот чувајте го на температура од најмалку 10°C.

Сите потрошни материјали, односно делови и додатоци се редовна обврска на корисникот. Затоа корисниците се молат веднаш откако ќе го добијат велосипедот добро да ги проверат светлата, вентилите, гумите, ланецот, кочниците и доколку забележат некаква неисправност веднаш да ни се обратат.

За поголема сигурност во сообраќајот, редовно сервисирајте и проверувајте ги кочниците.

Технички податоци

Бренд
ADO
Модел
A26
Боја
Црна
Моќ
500W, брзина до 25 км/ч,
Батерија
12.5Ah, автономија до 70 км,
Димензии и тежина
17800x 700x 1000 мм, 21кг
Гаранција
1 година

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

ADO A26 Електричен велосипед - црн

500W, 12.5Ah, до 25 км/ч, гуми од 26''

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава до дома | 1 година гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop