360 Vacuum Cleaner S9 - Новитет во понудата на роботски правосмукалки

360 Vacuum Cleaner S9 - Новитет во понудата на роботски правосмукалки

Во текстот што следува би сакале да ве запознаеме со новиот модел на робот кој наскоро ќе биде достапен во нашиот каталог - 360 Vacuum Cleaner S9.

Производот поседува супер спецификации, тоа е еден комплетен и прецизен производ кој си ја извршува задачата на ниво.

Ефикасно чистење

360 S9 поседува карактеристики на миење, вшмукување и мапирање на просторот. Згора на ова, додадете и одлична автономија при работата и ќе добиете совршен производ. Роботот е опремен со 25 сензори, меѓу кои и алгоритми и HD мапирање. Овие карактеристики му дозволуваат на роботот да ја мапира вашата куќа со голема прецизност и да ги препознава различните средини, на начин што ќе функционира беспрекорно.

Поседува опција за зачувување на дури 10 различни мапи, дозволувајќи така да се контролираат различни катови од домот или пак, различни домови.

Дизајн и конструкција

360 S9 е производ изработен од висококвалитетна пластика и во исто време отпорна на удари, што само дополнително го потврдуваат квалитетот на роботот. Што се однесува до димензиите, истите му дозволуваат на роботот да се вметне под поголемиот дел мебел во домот, како и под креветите, каучи и останатите препреки низ просторијата.

Апликација

Апликацијата преку која може да го контролирате роботот е 360Robot. Конфигурацијата е лесна и едноставна – треба само да регистрирате ваша сметка и да го поврзете роботот преку WiFi.

Потоа, се што треба да направите е да ги следите упатствата. Преку апликацијата имате можност за:

- Регулирање на нивото на вшмукувачка моќ (4 можни нивоа) и на водата

- Подесување на начинот на работа

- Програмирање на чистењето низ целата куќа, во само еден одреден простор или само една соба, подесувајќи ја притоа моќноста како и бројот на поминувања на роботот

- преглед на претходните циклуси на чистење

Ова се само мал дел од карактеристиките на овој робот. Изненадува високата прецизност во мапирањето и автономијата која овозможува чистење на поголеми простории, дури и со зголемена вшмукувачка моќ.

Тивок и навистина практичен, роботот претставува одличен сојузник во вашето секојдневие и домашни обврски.

Производот е достапен за пред нарачка на нашата официјална веб страна, а за сите останати перформанси на истиот, посетете го следниот линк

360 Vacuum Cleaner S9

Коментари


Остави коментар