Добро е да се знае: дополнителни корисни информации за 360 Vacuum Cleaner S9

Добро е да се знае: дополнителни корисни информации за 360 Vacuum Cleaner S9

Производ кој од неодамна е дел од нашиот каталог и кој најде одлично место кај потрошувачите од самиот почеток е роботот 360 S9. Во текстот што следува ќе погледнеме некои интересни информации во врска со пакувањето, додатоците како и карактеристиките и опциите кои ги нуди самиот робот.

Во пакувањето ќе најдете навистина доволен број аксесоари потребни не само за правилно функционирање на роботот туку и за негово одржување: 360 S9 робот; база за полнење; напојувач; сад за вода; сад за прашина; подлога за крпи; 2 крпи за водено чистење; резервни странични четки; четкичка за чистење на роботот; далечинско; упатство за употреба.

Со димензии 350 x 350 x 100мм овој робот успева да се вметне и во потешко достапни места низ домот и да исчисти таму каде можеби вам ви гледа сложено.

Опремен е со два резервоари, за вода и за прашина. На предната страна се наоѓа ултрасоничен радар и сензори за растојание со чија помош се избегнуваат несаканите судири со други предмети во просторијата со кои би можеле да се оштетат и тие а и самиот робот.

Освен со далечински управувач, кој како што рековме е дел од пакувањето, 360 S9 може да се контролира и управува и преку апликацијата 360Robot. Се работи за одлично изработена и комплетна апликација преку која може да подесите еден од трите начини на работа:

Room: во овој начин може да изберете само одредени соби од домот кои сакате да бидат исчистени.

House: Започнете чистење на целиот простор во домот;

Area: во овој начин означете делови за чистење и делови кои сакате да ги исклучите.

Одличната батерија со капацитет од 5200 mAh гарантира автономија при работата која варира во зависност од избраниот начин на чистење. Најчесто изнесува околу 180 минути при тивок начин на работа, околу 150 минути при вклучен максимален начин на работа.

Вшмукувањето како и воденото чистење се практично совршени. Всушност, при подесен минимален начин на работа водата во садот е доволна за површина од 150 метри квадратни, при среден начин на работа, количината на вода е доволна за 100 метри квадратни, додека при максимален начин на работа, количината на вода е доволна за 60 метри квадратни.

Што се однесува до јачината на звукот истата изнесува 55 db, што значи дека роботот воопшто не создава непријатен звук и не пречи на околината и на останатите. Сето ова е возможно со помош на технологијата Dual Noise Reduction, интегрирана во самиот робот.

Тука би додале и некои мали совети во врска со одржувањето на роботот. 

Одржувањето на роботската правосмукалка е од особено значење за истата што подолго да ги задржи карактеристиките и да ве служи на најдобар начин. Одржувањето на 360 S9 е доста лесно и едноставно како и кај останатите роботи. Најчесто се однесува на одржување на резервните крпи, резервоарите и филтрите како и страничната и главната четка.

Резервна крпа: мијте ја редовно крпата и оставете ја целосно да се исуши пред повторно да ја поставите на роботот.  

Резервоар за прашина: препорачливо е празнење на резервоарот по секој циклус на чистење. Така ќе бидете сигурни дека ништо не се заглавило во истиот при чистењето.

Филтер: за да ги елиминирате насобраните влакна и прашина на филтерот, користете ја четкичката која се наоѓа во самиот робот. Филтерот би требало да го менувате на секои 6-12 месеци.

Четки (главна и странична): редовно чистете ги и двете четки, особено главната. На неа најголема е веројатноста дека ќе се насобере поголема количина влакна. Покрај редовното чистење, се препорачува и редовна промена на истата на секои 6-12 месеци.  

Од сето погоре напишано, би додале само дека станува збор за совршена роботска правосмукалка која со своите перформанси ќе ги задоволи потребите и на оние најпребирливите.

Производот наскоро ќе биде повторно достапен во нашиот каталог, а дотогаш погледнете ги и останатите негови карактеристики на следниот линк 

Нови Производи

360 Vacuum Cleaner S9

Коментари


Остави коментар