Jimmy JV85 PRO - Иновација и квалитет

Jimmy JV85 PRO - Иновација и квалитет

Jimmy брендот низ годините се прослави благодарение на безжичните правосмукалки од кои се задоволни голем број клиенти ширум светот. Овој пат, производителот се претставува со нов, беспрекорен модел на безжична правосмукалка, односно Jimmy JV85 PRO.

Како и кај претходните правосмукалки, така и овој пат, производителот ветува задоволство од страна на клиентите, пред се во однос на големиот број додатоци кои одат во пакувањето. Ќе најдете всушност, секаков тип на четка за чистење на домот и на различните површини во него, но пред се, лесно ќе исчистите некои потешко достапни места.

Во продолжение што содржи пакувањето на Jimmy JV85PRO: Флексибилно црево; четка валјак, четка за теписи, мини моторизиран анти грини додаток, додаток за чистење тесен простор, додаток за чистење отвори, додаток со меки ситни влакна за деликатни површини, полнач за батерии, упатство за употреба

Типичниот механизам на склопување дозволува лесно монтирање и расклопување на сите додатоци и тоа на едноставен начин. Тука веднаш се забележува новина во однос на претходните модели. Резервоарот е со капацитет од 0.6 литри и е поставен во хоризонтална положба. На овој начин полесно ќе го испразните истиот без притоа да ги извалкате рацете.

Друг новитет кај производот, кој вреди да биде спомнат е патентираната технологија Horizontal Cyclone во комбинација со Dual Cyclonic, која филтрира на ефикасен начин дури 99.97% од ситните честички со големина од 0.3 микрони.

Производителот се погрижил и за тоа што помалку да се вплеткуваат влакна и слични работи во четката, така што го модернизирал нејзиниот дизајн. Производителот на одличен начин ги споил сите горе наведени перформанси и новитети со цел да добие правосмукалка со моќен мотор со капацитет од 550W кој пак произведува вшмукувачка моќ од 200 AirWatt. Со други зборови, со помош на Jimmy JV85 Pro со само едно поминување ќе исчистите валкан дел во домот без никаков проблем.

Тука имате можност да подесите еден од трите начини на чистење. Во случај да го изберете најмоќниот, тогаш моторот произведува звук од околу 82 dB. Начините на работа може да ги подесите со помош на копчето сместено на рачката веднаш покрај копчето за вклучување.

Друга супер карактеристика на правосмукалката е флексибилното црево. Всушност со едноставен клик на механизмот, ќе може да го превиткате цревото на 90°, на тој начин ќе ги исчистите сите оние незгодни места во домот кои секогаш претставувале проблем при чистењето.

Jimmy JV85 Pro, е резултат на повеќегодишно испитување и развој од страна на инженерите на брендот. Оваа студија резултира со навистина ефикасен и комплетен производ. Комбинацијата на аксесоари и метално црево на преклоп од 90°, прават од секојдневното чистење нешто налик на детска игра, лесно,едноставно и пред се забавно.

За повеќе информации во врска со правосмукалката посетете го следниот линк Jimmy JV85 PRO

Коментари


Остави коментар