Нов Xiaomi робот - Mi Robot Vacuum Mop Pro 2+

Нов Xiaomi робот - Mi Robot Vacuum Mop Pro 2+

Ќе погледнеме еден од најдобрите производи кои во последните месеци излегле од брендот Xiaomi. Неговите карактеристики и новитети во однос на претходниците, во текстот што следува.

Xiaomi овојпат класичната ласер кула присутна кај поголем дел од роботите ја заменува со мапирање на просторот преку таканаречени фотокамери и ToF сензори.

Xiaomi Mi Robot Vacuum Mop 2 Pro + се претставува како и сите други роботи, во добро познатата форма и со стандардната база за полнење на која се враќа по секое чистење. Горниот дел е прекриен со сјаен финиш на кој прашината е речиси невидлива.

Тука е и големиот сад за прашина(препорачливо е да се празне по секое чистење). На долниот дел од роботот се наоѓа главната четка која е така изработена да не може лесно да дојде до заплеткување на влакна и истата се чисти на лесен начин. Што се однесува до моќта на вшмукување, истата е одлична кај овој модел, односно 3000 Pa и гарантира беспрекорно чистење на сите видови површини. Тука е добро да се напомене дека кога роботот ќе детектира тепих автоматски ја зголемува моќта. Роботот поседува секако и функција на џогер.

Опремен е со резервоар за вода со капацитет од 250 мл. Протокот на вода е регулиран автоматски и гарантира чистење на простории од околу 200 метри квадратни.

Збор два за навигацијата.

Роботот ја мапира куќата на ист начин како и останатите и притоа овозможува чистење на поединечни зони и една или повеќе соби. Одличната навигација и мапирање на просторот дозволува роботот да ги препознава и малите предмети во просторијата како на пример ногалките од столиците. Со помош на 16 паметни сензори, роботот го мери растојанието со голема прецизност и го извршува чистењето на беспрекорен начин без притоа да се удира во предметите во вашата соба.

Го забавува чистењето секогаш кога ќе детектира некоја потенцијална препрека со цел да избегне судир. Роботот може исто така да ја измери и висината на одреден предмет, кауч, кревет, фотеља и слично и да искалкулира дали може да помине над самиот предмет или да се вметне под предметот.

Моделот може да се пофали со одличен капацитет на батеријата од 5.200 mAh која гарантира чистење на простор од 100 метри квадратни за околу 70 минути.

Апликацијата Mi Home е соодветна доколку сакате да го управувате од далечина. На неа може да се избере еден од четирите нивоа на моќ или да одберете зачувување на мапата.

На апликацијата подесете ја функцијата Не пречи( DND) во текот на ноќта или одберете една од многуте останати функции.

Роботот е достапен за нарачка на нашата официјална веб страна на следниот линк  Xiaomi Mi Robot Vacuum Mop Pro 2+

Коментари


Остави коментар