НОВОСТИТЕ СЕ КАЈ НАС!
JIMMY/VIOMI Македонија
Со големо задоволство сакаме да Ви соопштиме дека Смартус А Медиа и официјално станува генерален увозник и сервисер на безжичните правосмукалки Jimmy како и на роботските правосмукалки Viomi во Македонија. Нешто повеќе за овие два бренда прочитајте во текстот во продолжение.
JIMMY
Бренд од корпорацијата KingClean Electric Ltd. Името KingClean значи Крал на чистењето. Така, KingClean е формирана со цел да произведува врвни апарати за хигиена и чистење на домот, а со самото тоа на клиентите им нуди eco-friendly живеење. Доблести на брендот JIMMY? Без сомнеж станува збор за безжични правосмукалки со висока иновативност и модерен и елегантен дизајн. Брендот може да се пофали со супер карактеристики на сите модели на правосмукалки.
Благодарение на истите, брендот успеа за навистина краток временски период да си обезбеди место помеѓу најмодерните и најнапредни производи од секторот. Дигитални brushless мотори, мулти-циклонска технологија на филтрација и HEPA филтри се само мал дел од перформансите на супер модерните JIMMY производи.
Целта на брендот уште од почеток била да понуди врвни производи без притоа клиентите да потрошат значителна сума на пари. Затоа, благодарение на JIMMY, една безжична правосмукалка со високи перформанси и естетски дизајн не е повеќе луксуз туку станува производ достапен за сите.


VIOMI
Мисија на брендот Viomi е да го редефинира поимот за паметен дом преку концептот на IoT @ Home. Компанијата развила уникатна IoT @ Home платформа која се состои од иновативен еко систем во кој спаѓаат смарт производи за домот, додатоци и аксесоари и потрошни материјали.
Со сето ова компанијата значително го олеснува секојдневното живеење, овозможувајќи им на клиентите да управуваат со сопствениот дом и од далечина, притоа правејќи го животот посмарт и поедноставен.
Од компанијата велат дека на нивно задоволство брендот Xiaomi станал нивни стратешки партнер. Со самото тоа, автоматски се зголемува понудата за потрошувачите, нудејќи уникатни, единствени и со одлични перформанси и најпристапни цени, смарт производи за сечиј дом.

Производите од двата бренда достапни се на нашата официјална веб страна. За сите подетални информации и карактеристики во врска со производите посетете ги следните линкови
Коментари