Roborock S7 – спој на иновативна технологија и практична употреба

Roborock S7 – спој на иновативна технологија и практична употреба

Roborock е подбренд и дел од екосистемот на Xiaomi што во последните години развива навистина одлични решенија за домашното чистење, иновативни а во исто време практични.

Постојаните заложби и користењето на најнапредни технологии го донесоа брендот на листата на најценети и најбарани производители на роботски правосмукалки. Во продолжение ќе погледнеме накратко кои се перформансите на најновиот модел произведен од Roborock, а кој е достапен во бела и црна боја .

Технички детали

Дизајнот на Roborock S7 е сличен како и кај претходникот Roborock S5 Max. Во секој случај, останува неговиот препознатлив минимален и елегантен дизајн.

На предниот дел присутен е механички амортизатор кој успешно се справува со ударите во некои предмети, додека пак на горната страна поставени се три копчиња: за вклучување, за старт на чистењето и едно за да се врати на базата за полнење.

Како и останатите Roborock модели, така и овој опремен е со голем број Lidar сензори, потребни за навигација и полесно мапирање на просторот.

На долниот дел од роботот пак, поставени се сензори како на пример оној против паѓање, но и новиот и иновативен ултрасоничен сензор кој може да препознае на каков вид површина се наоѓа роботот. На задната страна сместен е најдобриот новитет кај овој модел. Освен што има поголем резервоар, со капацитет од 300мл, опремен е и со иновативен механизам за водено чистење. Системот функционира преку таканаречен суперсоничен сад кој се движи дури до 3000 пати во минута и со самото тоа крпата поминува на подот со поголема моќ и ги отстранува и најтврдокорните дамки. Автоматски ги препознава теписите со што крпата се подигнува за да не се навлажнат при чистењето.

Роботот е навистина лесен за користење.

Треба само да ја инсталирате апликацијата MiHome. Мапирањето на просторот е детално а со непредвидливите пречки роботот се справува на најдобар можен начин. Во секој случај, пожелно е да ги отстраните сите потенцијални пречки во собата со цел роботот да направи точна и детална мапа која ќе му користи и за понатамошните циклуси на чистење.

Со помош на апликацијата ќе може да го управувате роботот и кога не сте дома. Еве што може да правите преку истата:

- Контрола и управување со мапите од домот, и тоа и на повеќе катови, со повеќе можности за спојување или поделба на собите

- Обележување на off-limit точки во домот каде роботот не треба да чисти или да помине со водено чистење (на пример, теписи)

- Мониторинг на состојбата на потрошните материјали на роботот како и на батеријата

- Програмирање на суво или влажно чистење

- Регулирање на моќта на вшмукување и на интензитетот на воденото чистење врз основа на домот

Згора на тоа, роботот е компатибилен и со гласовните асистенти Alexa и Google Assistant.

Одржување

Садот за прашина е навистина лесен за користење. Доволно е само да го отворите и да го исчистите од нечистотијата која се насобрала.

Крпата од микрофибер може лесно да се извади и е доста лесна за миење (како рачно така и во машина за перење). Главната четка е изработена од гума, лесно се движи а со самото тоа и лесно се вади од роботот а може да ја чистите со малата четкичка која се наоѓа во самиот робот која служи за отстранување на влакната и другите остатоци кои може да се заплеткаат околу четката.

Новата роботска правосмукалка Roborock S7 е со сигурност одличен наследник на бестселерот Roborock S5 Max. Во него, подобрени и ажурирани се сите оние перформанси кои ги нудеше претходникот S5 Max. Чистењето е навистина беспрекорно уште при првото пуштање на роботот, а сензорите ја извршуваат својата работа на најдобар можен начин што се однесува до навигацијата и креирањето мапи.

За сите оние кои дома имаат миленичиња, овој модел е совршениот сојузник во борбата против сите влакненца. Целосно заборавете на трошењето време за чистење на влакна од вашето кученце.

Во секој момент ќе имате чист и свеж под во вашиот дом.

Побрзајте и нарачајте го новиот робот правосмукалка Roborock S7 достапен за пред нарачка!

Коментари


Остави коментар