Roborock S7 - Роботска правосмукалка црна

Шифра: 000517

34990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Производот е надвор од производство. Како алтернатива го препорачуваме 

Roborock Q7 Max+ Роботска Правосмукалка

Количина
Распродадено


Roborock S7

Roborock S7 е најновото издание на роботска правосмукалка од реномираната Roborock серија. Одличен за суво и водено чистење. Ви овозможува низа смарт функции кои ќе го олеснат чистењето со цел да имате што повеќе слободно и квалитетно време во вашиот дом.

Со помош на Sonic вибрациска технологија, Roborock S7 ги чисти подовите со поголема моќност; крпата вибрира со брзина од 3000 пати во минута и ги елиминира исушените и закоравени дамки. Во комбинација со Roborock крпата со автоматско подигнување, бришењето добива една нова димензија. Згора на сето ова, додајте ги главната ротациона четка изработена од гума, како и моќта на вшмукување од 2500Pa HyperForce и ќе добиете одличен спој на функции во само еден робот.

Моќното чистење од 2500Pa целосно ќе ја елиминира нечистотијата од подот. S7 умее да ги препознава теписите со висока и извонреда прецизност па со самото тоа крпата автоматски ќе се подигне кога ќе наиде на тепих а со тоа вашиот тепих ќе остане сув но целосно чист од сите трошки, остатоци од храна, влакна и слично.

Доволно е само еднаш да го пуштите роботот да го исчисти домот за да ги запомни теписите, а потоа може да изберете крпата автоматски да се подигнува при чистење или пак, тепихот да го обележите како специфична зона во која роботот нема да навлегува. Исто така, крпата автоматски се подигнува и при полнење на роботот и кога ќе го заврши чистењето, па така на пат кон базата за полнење нема да остава водени траги повторно.

Ротационата четка се карактеризира со нов, модерен дизајн и е изработена од гума. Се движи на повеќе различни начини, одлично се снаоѓа и на нерамна површина со цел да овозможи што поквалитетно чистење, а дизајнирана е така што спречува заплеткување на влакната.

Roborock S7 опремен е со резервоар за прашина од 470 мл и со сад за вода од 300 мл кој длабински и ефикасно може да исчисти површини со големина до 200 метри квадратни во само едно чистење. Сето ова е овозможено од моќната литиумска батерија со капацитет од 5200 mAh која овозможува автономија до 3 часа чистење(при подесен тивок начин на работа и со мал проток на вода).

Прилагодете го чистењето на вашите лични желби и потреби. Производот може да го управувате и кога не сте дома, преку апликацијата како и со помош на гласовните асистенти Amazon Alexa и Google Assistant. Подесете чистење на одредени простории во домот, направете распоред, изберете го начинот на чистење и многу друго.

Прецизната навигација LiDAR креира точни мапи на домот и ги идентификува собите. Може да креира мапи на дури 4 ката.

Важно: Во садот за вода, користете исклучиво вода. Никогаш не користете детергенти, киселина и други разни средства за чистење бидејќи доведува до трајно оштетување на самиот резервоар како и на производот. Најчесто, се препорачува да се користи дестилирана вода.

Технички податоци

Бренд
Roborock
Модел
S7
Боја
Црна
Моќ
2500Pa
Напредни функции
автоматскоо подигнување на крпата, вибрациска технологија Sonic, управување преку апликација, зачувување на 4 мапи
Батерија
5200mAh, литиумска која овозможува автономија до 3 часа чистење
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Roborock S7 - Роботска правосмукалка црна

Производот е надвор од производство. Како алтернатива го препорачуваме 

Roborock Q7 Max+ Роботска Правосмукалка

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop