Viomi S9 - заштедете дел од вашето скапоцено време!

Viomi S9 - заштедете дел од вашето скапоцено време!

Моментално еден од најпознатите и најбарани модели на роботи ќе го најдете во нашиот каталог на роботски правосмукалки.

Со неговиот модерен и елегантен дизајн а и со најновата опција за автоматско празнење, роботот се сместува на врвот од областа на роботски правосмукалки. Со помош на ефикасниот систем и зголемената моќ на вшмукување од неверојатни 2700Pa, роботот со сигурност ќе одговори на вашите барања и желби. Она што најмногу го разликува од останатите роботи е базата за автоматско празнење на садот за прашина.

Од една страна заштедувате време а од друга страна ќе бидете сигурни дека честичките прашина кои роботот ги собрал нема да се вратат назад во воздухот. Имено, базата за празнење функционира на начин што кога роботот ќе се позиционира на истата, преку црево со големина од 380мм ќе ја собере сета нечистотија од истиот во нејзиниот сад од 3 литри.

Доколку имате поголем дом, не грижете се ниту за тоа. Роботот има вградена литиумска батерија со капацитет од 5200mAh која ќе овозможи чистење на површина со големина од околу 300 метри квадратни. Сега без никаков проблем ќе ги елиминирате сите остатоци од храна кои завршиле на подот, влакната од вашето милениче, најситните честички прашина и многу друго.

Роботот секако, може да го управувате и кога не сте дома и тоа преку апликацијата Xiaomi Mi Home. Преку неа закажете го следното чистење, обележете зони кои (не) сакате да ги исчисти, прегледајте го распоредот и статистиките од претходните циклуси и слично.

Прецизното мапирање на просторот се должи на SLAM алгоритмите и на 24те вградени сензори со чија помош роботот одлично се снаоѓа и во посложени простории.

За сите останати перформанси на овој модел како и на многу други, посетете ја нашата официјалната веб страна, а гореспоменатиот производ е достапен во бела и црна боја.

Коментари


Остави коментар