- -5000
Xiaomi Viomi S9 - Роботска правосмукалка бела
Шифра: 372628
Опремен со 24 сензори, алгоритам за симулирано рачно чистење, 2700Pa моќ на вшмукување
Официјални дистрибутери во Македонија | Бесплатна достава во 1-2 дена | 2 години гаранција
Брендот Viomi уште еднаш ги помести границите на иновацијата и овој пат се претставува со најнова технологија, со висока ефикасност и квалитет и со самото тоа го сместува новиот модел Viomi S9 во најдобрите и најоригинални роботски правосмукалки. Подолу ќе погледнеме кои се тие одлични перформанси
Автоматско празнење
Новиот модел S9 го задржува класичниот атрактивен дизајн на Viomi роботите. Исто така, роботот доаѓа во комбинација со станица за автоматско празнење. Најновиот состав овозможува роботот да го испразне садот за прашина без ваша помош и така да заштеди од вашето скапоцено време а во исто време и да осигура дека честичките прашина нема да се вратат низ просторијата по чистењето.
Кога роботот ќе дознае дека садот од 250мл е веќе полн, автоматски се позиционира на базата,која пак, со помош на иновативниот механизам од 950 W со кратко црево од 381мм брзо и лесно ја впива сета нечистотија од роботот во својот сопствен сад со големина од 3 литри. Користи трослоен HEPA филтер за пренос на нечистотијата во вреќичката за прашина.
Базата е опремена и со LED индикатор кој го покажува преостанатиот капацитет на батеријата а исто и ќе ве предупреди дека вреќата е полна и дека треба да се замени. Вреќата најчесто се заменува еднаш месечно, по потреба може и порано. Едноставно се отстранува и се заменува со нова, слично како и кај класичните правосмукалки, само што овој пат нема да дојдете во контакт со прашина бидејќи вреќата е добро затворена.
Високо ефикасен состав на вшмукување
Вшмукувачката моќ на роботот е подобрена за околу 30% во однос на претходните модели и изнесува 2700Pa, што овозможува без потешкотии да ги елиминира најмалите честички, влакната од домашните миленичиња и слично. Производот е опремен и со напреден и тивок мотор без четкици. На долниот дел ќе најдете четка со автоматско подесување на висината, која се врти точно над површината и на тој начин лесно ја фаќа сета нечистотија, додека пак автоматски го препознава видот на површина и врз основа на тоа ја подесува моќта на вшмукување.
Исто како и неговите претходници, Viomi S9 е опремен со сад за вода од 250мл и може на паметен начин да ја контролира количината на вода која се користи за крпата со цел да се спречи непотребно истекување и оштетување на подот.
Подобрено мапирање на просторот
Благодарение на најновиот и најнапреден LDS 2.0 сензор може да запамти до 5 различни мапи/катови, па така роботот е идеален и за поголеми куќи. Во една секунда може да скенира 6 пати 360° до оддалеченост од 8 метри. Опремен е со дополнителни 24 сензори и паметен навигациски SLAM алгоритам за ефикасно откривање, планирање и движење по собата.
Управувањето со роботот е доста олеснето со помош на апликацијата Xiaomi Home со чија помош може да изберете соба која би сакале да се исчисти, дел од соба кој сакате да се исчисти или пак дел кој не сакате да се исчисти. Апликацијата ви овозможува и други функции – ќе ви покаже колку е полна вреќата, дали треба да ја замените, да програмирате распоред за чистење, да одберете начин на чистење и слично.
Автоматски ќе ги препознае собите, вашите гласовни команди и ќе ви овозможи цела низа функции.
Извонредна автономија
Опремен е со батерија од 5200 mAh, што во пракса овозможува чистење простор до 320 метри квадратни.
Важно: уредот мора редовно да се чисти и одржува со исправни резервни делови (филтри, четки, итн.) кои мора редовно да се заменуваат. Уредот не е наменет за вшмукување течности, масло, стакло итн. (освен ако не е поинаку назначено на производот). Неправилното користење и одржување може да предизвикаат оштетувања и дефекти кои не се покриени со гаранцијата. Не додавајте детергент, оцет или други средства за чистење во резервоарот за вода, тоа може да предизвика оштетување! Исто така, производителот препорачува користење на дестилирана вода за продолжување на животниот век на самиот производ.
Технички податоци
- Бренд
- Viomi
- Модел
- S9
- Боја
- Бела
- Моќ
- 2700Pa
- Поврзување
- WiFi, апликација
- Функции
- вреќа за прашина од 3 литри, сад за прашина и сад за вода од по 250мл, автоматско празнење
- Напредни функции
- 24 сензори, совладување на препреки до 2цм, контрола на изнесот на вода
- Батерија
- 5200mAh
- Гаранција
- 2 години
Специфични референци
Рецензии
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи