Во исчекување на новиот Xiaomi Mi Band 6
По огромниот успех на паметниот тракер Mi Band 5 на пазарот доаѓа неговиот наследник. Веќе некое време низ интернет порталите кружи информација за лансирањето на новиот паметен фитнес тракер од Xiaomi – Mi Band 6.
Првиот новитет на Mi Band 6 е дисплејот 50% поголем од претходниот модел и збогатен со над 60 теми. Променет е и обликот, што сега е навистина edge-to-edge покривајќи ја целата достапна површина.
Бројот на различни тренинзи што може да се следат е двојно зголемен, со 30 можности што вклучуваат тренинзи во затворени простории и на отворено, дури и на професионално ниво (танц, кошарка, бокс, зумба се само неколку примери).
Во однос на следењето на виталните функции, имаме отчукувања на срцето 24/7, мерење на кислород во крвта, нивото на стрес и циклусите на спиење. Автономијата е околу 14 дена, со целосно полнење за помалку од 2 часа.
Xiaomi Mi Band 6 ќе биде наскоро достапен во каталогот на Смартус. Дотогаш, сите оние кои го пропуштиле претходникот, Mi Band 5, може да го најдат на следниот линк Xiaomi Mi Band 5
Коментари