WalkingPad A1 PRO и WalkingPad R1 PRO – Бидете секогаш во форма

WalkingPad A1 PRO и WalkingPad R1 PRO – Бидете секогаш во форма

Со пристигнувањето на првите есенски студени денови, сè потешко ни доаѓа излегувањето од дома и одвојувањето некој час за спорт и рекреација.

Не грижете се, бидејќи брендот Xiaomi веќе некое време сопствениот каталог го збогатува со многубројни производи за здравје и фитнес.

Xiaomi е бренд познат по неговата оригиналност во создавањето нови смарт производи кои на секој од нас му овозможуваат поедноставно и смарт живеење. Па така, овој пат реши да ги изненади сите љубители на спортот и да им понуди две одлични траки за пешачење во удобноста на домот.

И двете траки се карактеризираат со одлични перформанси и нудат многу опции, а нешто повеќе и за двата модели може да прочитате во текстот што следува.

Почнувајќи од првата лента, Xiaomi KingSmith WalkingPad A1 PRO би навеле дека се разликува од останатите во нејзините димензии. Всушност, се карактеризира со висина од само 12 цм и тежина од 28 килограми. Лентата може да се преклопи и со самото тоа ќе се намалат уште повеќе нејзините веќе мали димензии.

Навистина практична лента со практична употреба, бидејќи можете слободно да ја поставите на било кое место во домот, без притоа да зафаќа поголем простор.

Изработена од цврста структура и создадена со цел да може да издржи поголема тежина. Лентата всушност, има капацитет да издржи тежина од околу 105 килограми и нешто повеќе, а воедно да издржи и поголем притисок при самиот тренинг.

Xiaomi KingSmith WalkingPad A1 PRO е опремена со два brushless мотори, со чија помош може да се достигне брзина помеѓу 0.5км/ч и 6км/ч. Преку апликацијата имате можност да ја подесувате брзината. Но, лентата поседува опција да може да ја регулира брзината врз основа на положбата на стапалата и со тоа автоматски да ви помага и таа сама да ја подесува брзината.

На предниот дел поставен е дисплеј на кој се прикажани важни информации во врска со тренингот, како на пример брзината со која се движите и километрите што сте ги изминале. Ако пак, сакате да добиете информации во врска со целиот тренинг, истите може да ги погледнете на соодветната апликација.

Да ја погледнеме и втората лента за пешачење - Xiaomi KingSmith WalkingPad R1 PRO . Се разликува од претходната лента во некои помали работи.

Првата разлика која може да се забележи е дизајнот. И двете ленти ја поседуваат опцијата за преклоп, со што автоматски се намалуваат и онака малите димензии на производите. Но, затоа опремена е со држач за раце на кој може да се постави телефонот и со самото тоа при тренингот може да се гледаат видеа, да се слуша музика и слично.

Една од позначајните разлики е тоа што максимална брзина што може да се достигне на лентата се 10км/ч.

Добро познато е дека брендот Xiaomi секогаш внимава на безбедноста на потрошувачите, па така и овој пат. Всушност, во самата лента вградено е помало сигурносно јаже. Функционира на начин што кога ќе го извлечете, за време на тренингот, автоматски ќе ја запре лентата, со што веднаш се спречуваат некои несакани повреди.

За подетални спецификации и на двете ленти посетете ја нашата официјална страна и порачајте една од лентите за пешачење на следните линкови

Xiaomi KingSmith WalkingPad R1 PRO

Xiaomi KingSmith WalkingPad А1 PRO

Коментари


Остави коментар