Xiaomi Amplifier Pro - Уживајте во беспрекорниот WiFi сигнал!

Xiaomi Amplifier Pro - Уживајте во беспрекорниот WiFi сигнал!

Ви здосади постојано да шетате низ домот за да фатите Wi Fi сигнал?

Mi Wi-Fi Amplifier Pro – засилувачот на сигнал ќе ви помогне лесно да се поврзете на интернет. Поставете го засилувачот во близина на рутерот, вклучете го и причекајте додека индикаторот со жолта боја не почне да трепка. Инсталирајте ја апликацијата и следете ги упатствата за да го синхронизирате уредот.

Кога индикаторот ќе добие сина боја, тогаш поврзувањето е комплетирано.

Поставете го онаму каде најмногу ви одговара

Можете едноставно да го вклучувате или исклучувате засилувачот таму каде што сметате дека ќе има најдобра покриеност на сигнал во домот, без притоа да мора повторно да го конфигурирате. Xiaomi Amplifier Pro се поврзува безжично со рутерот и го зајакнува и проширува сигналот насекаде во домот. Сигналот е толку силен што успева и на потешко достапните места како на пример бањата, терасата и слично.

Сето ова обезбедува одличен и јак сигнал и секако брз интернет за уреди како што се таблети, смартфони, смарт телевизори.

За оптимални резултати најдете ја најдобрата положба за засилувачот помеѓу рутерот и мртвата зона, со помош на апликацијата Mi Home.

Производот е достапен за нарачка во нашиот каталог, во категоријата Паметен дом во Останати уреди

Xiaomi Amplifier Pro – Засилувач на сигнал

Коментари


Остави коментар