Xiaomi M365 PRO 2 - Спој на стил и практичност!

Xiaomi M365 PRO 2 - Спој на стил и практичност!

Повторно на залиха следбеникот на бестселер серијата електрични тротинети М365 – М365 PRO 2.

Во однос на гумите, новитет е тоа што се одликуваат со 3 пати поголема резистентност за разлика од претходните. Големината останува иста, 8,5 инчи. Доколку ги користите на нерамна површина ќе ве изненадат со својата цврстина и отпор. Што се однесува до тежината, истата изнесува 14 килограми. Не станува збор за мала тежина, но, доколку сакате да го пренесете, тротинетот може слободно да се пофали со неговата урамнотеженост.

Тука би напоменале дека механизмот на преклоп е истиот како и кај претходниците – лесно се изведува, во само три чекори.

Во врска со батеријата, останува иста како и кај другите модели. Има промени единствено во механизмот на регенерација на кочењето, за поголема ефикасност.

Рачките на Xiaomi M365 PRO 2 се нешто повисоки во однос на другите модели. Само за потсетување, тротинетот е опремен со двоен систем на кочење E-ABS + диск кочници, кој досега се покажал како навистина ефикасен и сигурен. Ваквиот начин на кочење, обезбедува голема сигурност во сообраќајот и се впишува во еден од најдобрите во категоријата.

LED екранот во боја, како и кај другите тротинети, дава приказ на сите потребни информации во врска со возењето и со состојбата на батеријата. Тротинетот поседува и сертификат за заштита од вода и прашина, затоа не грижете се, бидејќи при возењето ќе бидете заштитени и од прашина и од несакано прскање вода.

* Во секој случај, не се препорачува користење на тротинетот за време на дожд или возење по поголеми водени површини низ улиците настанати како последица од невреме.

Xiaomi M365 PRO 2 може слободно да го управувате преку апликација. На неа, ќе имате на дофат на рака некои статистички податоци, ќе може да го активирате cruise control, да добивате известувања за моменталната брзина и слично.

Mi Electric Scooter Pro 2 е навистина пријатен и едноставен за возење. Ќе напоменеме уште еднаш дека системот на кочење претставува една од најголемите предности на моделот, бидејќи на корисникот му овозможува сигурност при возењето.

Тротинетот е наменет и за корисници со поголема висина, бидејќи рачките се така конструирани, да му обезбедат едноставно управување на секој корисник. Подлогата на тротинетот е удобна и широка.

Лесен за возење, стабилен, со беспрекорен систем за кочење, како што напоменавме и погоре, еден од најдобрите во категоријата. Меѓу другото, батеријата овозможува одлична автономија на тротинетот, а одличен перформанс е и ефикасното претворање на кинетичката во електрична енергија.

Тротинетот е веќе достапен во нашиот каталог, а останатите карактеристики погледнете ги на следниот линк

Xiaomi M365 PRO 2

Коментари


Остави коментар