• -1000 

Xiaomi Mijia Mi PRO 2 Електричен тротинет

Шифра: 000256

32990 
31990 ден заштеди 1000  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Нова генерација PRO 2, 600W, 25 км/ч, 3 брзини, автономија до 45 километри, E-ABS + диск кочници

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција | ЕУ Верзија

Количина
Распродадено


Xiaomi Mijia PRO 2 Електричен тротинет - црн

Ни пристигна новиот наследник на незаборавната бестселер серија Xiaomi M365 Pro електрични тротинети - PRO 2!

Едноставен за возење и со извонредни перформанси, лесно се пренесува и е погоден за сите видови возење – како рекреативно така и секојдневно возење низ градот.

Се карактеризира со високо квалитетна изработка и двоен начин на кочење E-ABS + диск кочници. Моторот располага со јачина до максимални 600W (300W/600W) и литиумска батерија од новата петта генерација BMS (smart battery managеment system). Тротинетот ќе ви овозможи удобно возење и автономија до дури 45 километри а исто така може да се искачи на нагорнина од 20%. Со помош на трите начини на возење, многу лесно се прилагодува возењето на секоја потреба. На пример, ако се наоѓате во гужва, едноставно сменете го начинот на "пешачење" (0-5км/ч), додека пак при стандардно возење тротинетот ќе постигне брзина до 20 км/ч. Доколку сте надвор од гужва, променете го начинот на "Sport" – начин кога тротинетот ќе постигне брзина до 25км/ч.

Повеќенаменската контролна табла овозможува приказ на сите потребни податоци и тоа во реално време, така што на дофат на рака се имаат сите податоци во врска со моменталната брзина, начинот на работа, сигурноста на тротинетот( при заклучување) како и многу други корисни информации во врска со возењето.

Тротинетот се управува со помош на само едно копче: вклучување и исклучување, менување на начинот на возење, вклучување  и исклучување предно светло. Рачките на тротинетот се направени од TPR материјал за уште поудобно возење.

Со Kinetic Energy Recovery System (KERS) претворете ја кинетичката енергија во електрична за подолг век на траење на батеријата. Составот за поврат на кинетичката енергија (KERS) е во потполност унапреден, а процесот на претворање на енергијата е дополнително подобрен во однос на оној од претходната генерација. Искористувањето на енергијата исто така може да се прилагоди и по пат на апликацијата Mi Home.

Гумите се 8,5 инчни и може да се пофалат со одлична апсорпција на ударите и способност за искачување преку препреки. Доста добро и ефикасно реагираат на нерамни површини.

Посебно дизајнираната апликација Smart App ви овозможува да го пратите вашето возење и да ги анализирате статистичките и технички податоци како што се преостаната батерија, нејзина исправност и слично. Автоматски ќе добиете известување доколку е забележана некаква неисправност.

Xiaomi Mijia PRO2 поседува IP54 сертификат за заштита од прашина и дожд (но не е наменет за возење по вода).

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
PRO 2
Боја
Црна
Моќ
300W (max 600W), до 25 км/ч
Напредни функции
E-ABS + диск кочници , 3 начини на работа, Smart App, Kinetic Energy Recovery System
Батерија
автономија до 45 км
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Mijia Mi PRO 2 Електричен тротинет

Нова генерација PRO 2, 600W, 25 км/ч, 3 брзини, автономија до 45 километри, E-ABS + диск кочници

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција | ЕУ Верзија

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop