Xiaomi Mi Air Purifier Pro - чист и свеж воздух во секој дел од денот

Xiaomi Mi Air Purifier Pro - чист и свеж воздух во секој дел од денот

Доколку барате решение и начин како да го прочистите воздухот во домот, тогаш овој прочистувач е идеалниот производ.

Прочистувачот на воздух Xiaomi Mi Air Purifier Pro ги обединува карактеристиките на сите други претходни модели на прочистувачи од Xiaomi. Резултатот е секогаш ефикасно и квалитетно прочистен воздух во вашиот стан или семејна куќа.

Xiaomi Mi Air Purifier Pro : идеален за станови со средна големина

Овој модел е создаден за сите оние кои живеат во станови со средна големина и истиот може да елиминира дури 99,7% од честичките во воздухот за околу 20тина минути. Прочистувачот испушта прочистен воздух еднаков на 500 кубни метри на час. Исто така, испушта до 10.000 литри прочистен воздух во минута, но само ако перката за вшмукување е подесена на максимална брзина. Се карактеризира со јачина на звук од 34 децибели кога е подесен на начин Сон. Само поставете го на посакуваното место и вклучете го. Пријатен е дури и за лицата осетливи на поголема јачина на звук.

Функции на производот

Прва и главна цел на сите прочистувачи од брендот Xiaomi е тоа да им овозможат на потрошувачите поздрава и посвежа околина во која поминуваат поголем дел од времето, а тоа е домот. Овој модел на прочистувач поседува опции како на пример приказ на присутните честички во воздухот дома, внатрешната температура како и нивото на влажност на воздухот во домот.

Квалитет на производот

Моделот за разлика од претходните се карактеризира со поголема висина од околу 30цм. Тоа се должи на присуството на моќен мотор, но и на дупла перка и 4 целосно обновени спроводници на воздух.

Управување со апликација

Брендот Xiaomi произведува навистина лесни и практични за употреба прочистувачи на воздух. Производот може да се контролира користејќи го OLED екранот или Xiaomi апликацијата. Xiaomi Mi Air Purifier Pro се карактеризира со 6 начини на работа. Помеѓу нив ќе најдете начин Сон, автоматски начин, ниска, средна или висока брзина. Најчесто начинот на работа се подесува врз основа на присуството на честички и прашина во воздухот. На екранот се прикажува и нивото на PM2,5 честички, што дополнително ви помага во изборот за подесување на начинот на работа.

Згора на тоа, може да го програмирате вклучувањето и исклучувањето на прочистувачот, така што ќе биде активен и кога не сте дома. Xiaomi апликацијата е навистина корисна за да дознаете подетални информации во врска со квалитетот на воздухот како и да знаете кога отприлика би требало да го промените филтерот.

Останати перформанси на Xiaomi Air Purifier Pro

Производот содржи трослоен HEPA филтер. Средниот слој на филтерот е карактеризиран од H11 ефикасност, која поврзана со останатите два слоја гарантира ефикасна филтрација од 99.97%.

Загадување - Прочистувачот е создаден со цел да го намали на најдобар можен начин домашното загадување. Доволни се околу 15 минути за да елиминира голем дел од ситните честички прашина кои го влошуваат квалитетот на воздухот во домот. За релативно кратко време ќе ја почувствувате разликата – ќе спиете подобро и ќе бидете поконцентрирани.

Вируси и бактерии - Производот може да ги елиминира единствено вирусите и бактериите присутни во внатрешноста на домот. Не е во можност да ги филтрира останатите патогени состојки присутни на домашните површини, ниту пак оние присутни на предметите кои се внесуваат од надворешноста.

Промена на филтерот - Работата и ефикасноста на филтерот зависат главно од застапеноста на PM2.5 честичките присутни во домот. Доколку концентрацијата на ситните честички прав е висока, тогаш и филтерот многу брзо се оштетува. Најчесто, филтерот има животен век од 5-6 месеци и се заменува тогаш кога прочистувачот ќе прикаже известување дека филтерот достигнал ниво на заситеност од 90%.

Овој модел на прочистувач е идеален за станови со средна големина, како и ресторани, канцеларии и други простории.

Да се посетува некое место со чист и свеж воздух е секогаш задоволство.

Овој модел на прочистувач на воздух веќе е дел од нашиот каталог. Сите останати информации и детали за него може да ги погледнете на следниот линк

Xiaomi Mi Air Purifier Pro

Коментари


Остави коментар