• -3500 

Xiaomi Mi Air Purifier Pro - Прочистувач на воздух

Шифра: 353003

16490 
12990 ден заштеди 3500  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Екран кој ја прикажува моменталната состојба на воздухот во собата, трослоен филтер

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција | EУ верзија

Количина
Распродадено


Новиот прочистувач на воздух Xiaomi Mi Air Purifier PRO, со иновативен систем, идеален е за здрав и свеж воздух во секое време и за цело семејство.

Се карактеризира со компактен и минималистички дизајн. Прочистувачот може да прочисти воздух на површини од 60 м² и количина на воздух од 500 м³ на час. Производот е тестиран и поседува сертификат од Катедрата за Индустриска Микробилогија од Гуангзу.

Системот за филтрација составен е од 3 слоја и успева да го прочисти воздухот од непријатните миризби, прашината, потешки метали и сета друга нечистотија присутна во воздухот, до 99,9%.

Опремен е со сензори кои во реално време го мерат нивото на чистина на воздухот, а присутни се и светлосни индикатори на самиот екран – зелен, жолт и црвен. На екранот се прикажува и нивото на влажност на воздухот и температурата во самата просторија. Згора на тоа, светлината може да се адаптира на осветлувањето во вашиот дом така што нема да ви пречи ниту навечер додека спиете.

Секако, тука е и опцијата за контрола на работата на прочистувачот преку апликацијата Mi Home. Инсталирајте ја на вашиот смартфон и управувајте со Mi Air Purifier Pro и кога не сте дома. Со нејзина помош може да го менувате начинот на чистење, да го подесувате времето за почеток на прочистувањето или пак да ги проверувате постигнатите резултати од циклусот на прочистување. Може да го вклучите прочистувачот додека се враќате од работа или слично за кога ќе влезете дома, да наидете на свеж и чист воздух.

Неговите димензии ви дозволуваат лесно да го пренесувате од една во друга просторија, а погоден е и за помали простории.

Xiaomi Mi Purifier Pro MacedoniaXiaomi Mi Purifier Pro MacedoniaXiaomi Mi Purifier Pro Macedonia

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
Mi Air Purifier Pro
Боја
Бела
Поврзување
преку WiFi со Mi Home апликација
Димензии и тежина
735мм x 260мм x 260мм, 9.7кг
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Mi Air Purifier Pro - Прочистувач на воздух

Екран кој ја прикажува моменталната состојба на воздухот во собата, трослоен филтер

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција | EУ верзија

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop