Xiaomi Roborock S6 Pure - Мој дом, мои правила!

Xiaomi Roborock S6 Pure - Мој дом, мои правила!

Ослободете се од прашината во домот со Roborock S6 серијата роботски правосмукалки. Моментално на располагање во нашиот каталог е Xiaomi Roborock S6 Pure и поради тоа, во продолжение ќе погледнеме некои подетални карактеристики на производот.

Прецизна ласерска навигација и одлични процесори се едни од главните карактеристики на S6 Pure. Роботот може да креира мапа на целиот дом, а потоа да исчисти само една соба, неколку соби или целата куќа и сето тоа со само неколку кликнувања на вашиот смартфон.

S6 Pure роботската правосмукалка може да ја разликува кујната од спалната соба или од собата за дневен престој. Вие имате можност да програмирате чистење во само една соба, во повеќе соби, на цел кат, да потенцирате одредени делови за чистење. Можете да го подесите и нивото на вшмукување за секоја соба поединечно. Одржувањето на куќата никогаш не било полесно и посмарт.

Што попаметно тоа побрзо!

Роботската правосмукалка знае секогаш каде треба да се движи. Користејќи моќни 32-bit quad-core процесори, исто како и смартфоните, го калкулира најлесниот пат за што поефикасно чистење.

Се доближува, избегнува потенцијална опасност и многу друго

Xiaomi Roborock S6 Pure знае точно што треба да направи, може да ги избегне скалите, знае да се извлече доколку има опасност за заглавување на некое проблематично место. Најважно од се, ги штити вашите вредни предмети и мебел од оштетувања и гребнатинки при чистењето.

Што доколку имате повеќе ката?

Одличен робот за куќи со поголеми површини. Имате можност на секој кат да означите No-go зони, невидливи ѕидови, No-mop зони.

Мој дом, мои правила

Доколку сакате вашата спална соба да биде исчистена прва и тоа наутро или пак вашата бања да биде исчистена последна на крај од циклусот, тогаш сето ова е под ваша контрола. Преку апликацијата подесете го чистењето на собите, дајте му упатства на роботот со точен редослед по кој сакате вашите соби да бидат исчистени.

Гласовна контрола - Само неколку зборчиња ве делат од перфектно чист дом.

Започнете го чистењето, пронајдете го роботот низ домот, подесете ја моќта на вшмукување и многу друго. Роботот поддржува Amazon Alexa, така што чистењето е полесно од било кога.

Не само вакуум

Вашиот под не само што ќе биде исчистен од сета прашина, трошки, остатоци од храна, туку и ќе светне. Роботот е опремен со голем резервоар за вода од 180мл. Со самото тоа може да исчисти површина од 150 метри квадратни, а вие со само еден потег ќе имате целосно исчистен дом.

Исчистете го роботот

Лесно отстранете ја главната ротациона четка за да го исчистите она што можеби се заплеткало. Откако роботот ќе исчисти, треба само да го отстраните резервоарот и да го исчистите од насобраната прашина.

Производот е дел од нашиот каталог на Роботски правосмукалки, а достапен е за нарачка на следниот линк

Xiaomi Roborock S6 Pure

Коментари


Остави коментар