Xiaomi HIMO C26 Електричен велосипед - сив

Шифра: 000538

79990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

3 начини на возење, мотор од 250 W, автономија до 100км, брзина до 25км/ч, LCD екран

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава низ цела Македонија | 1 година гаранција

Количина
Распродадено


Благодарение на новите стандарди кои диктираат подобро и почисто утре, можеме да забележиме сè поголема употреба на електрични велосипеди. HIMO C26 е дизајниран да ви овозможи брзо и енергетски ефикасно движење во градскиот метеж или релаксирано возење во природа.

Himo C26 може да се пофали со следниве караткеристики: исклучителена моќност на моторот од 250W кој обезбедува максимална брзина од 25 км на час,со траење на батеријата до 100 км, менувач Shimano 7S, векторски волан, предни и задни сопирачки со дискови, предни амортизери што се прилагодуваат, заштита на батеријата и прилагодлива висина на седиштето и воланот.

За оптимална употреба, C26 поддржува 3 режими на возење - механички (со употреба на педали), хибриден (асистирана употреба на педали) и целосно електричен. Батеријата од 10Аh се отстранува и ви овозможува лесно и безбедно полнење. Батеријата овозможува импресивна автономија до 100 км (во хибриден режим) или до 60 км во целосно електричен режим на возење. Но, и покрај импресивната автономија, доколку ја испразните додека возите, можете да ја замените со друга, резервна. Во случај на потреба, C26 ќе може да го возите како обичен велосипед , без многу напор.

HIMO C26 е создаден за удобно возење, поради што и е опремен со седиште SR (Selle Royal), обложено со тридимензионална структура а RLV технологијата интегрира еластичност, пропустливост на воздухот, отпорност на вода и удобност. На рачките има LCD екран кој ги дава податоците поврзани со возењето - начин на возење, траење на батеријата, брзина, податоци во врска со километражата и патувањето. Изработен е од алуминиумска легура. За безбедност во сообраќајот и при ноќно возење, C26 има вградени предно и задно светло.

Предните и задните диск кочници нудат неверојатна моќ при кочењето а самиот процес на кочење е оптимизиран и не мора да се грижите дали при кочењето ќе паднете од велосипедот. Исто така, може да си ја прилагодите и висината на седиштето и на рачките а и да ги подесите предните амортизери во случај на спортско возење надвор од градот да имате подобра амортизација.

За што поудобно возење, тука се и KENDA 26x2.125 гумите за различни површини. Во комбинација со Shimano менувач на 7 брзини, брзините ќе ги менувате лесно исто како и кај класичниот велосипед.

Номиналната носивост на Himo C26 изнесува 100кг.

Напомена :

Проверете го вашиот велосипед пред тргнување. Ако воочите дека недостасува некој дел, дека нема доволно батерија, дека гумите не се доволно напумпани, не го користете додека не се осигурате во неговата исправност.

За време на чистењето исклучете го велосипедот, тргнете го полначот и заштитете го гумениот преклоп на полначот бидејќи протокот на вода може да доведе до оштетување. Немојте никогаш да го чистите велосипедот под млаз или силен притисок вода, со алкохол, бензин или други корозивни средства.

Ако сакате да го заштитите траењето на батеријата и да го спречите оштетувањето, не ја оставајте никогаш на сончева светлина подолго време. Секогаш гледајте да ја полните барем еднаш месечно а велосипедот чувајте го на температура од најмалку 10°C.

Сите потрошни материјали, односно делови и додатоци се редовна обврска на корисникот. Затоа корисниците се молат веднаш откако ќе го добијат велосипедот добро да ги проверат светлата, вентилите, гумите, ланецот, кочниците и доколку забележат некаква неисправност веднаш да ни се обратат.

За поголема сигурност во сообраќајот, редовно сервисирајте и проверувајте ги кочниците.

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
HIMO
Боја
Сива
Моќ
250W, до 25 km/h
Батерија
10000mAh, 48V, автономија до максимум 25км
Димензии и тежина
174 x 66 x 105цм, 25кг
Гаранција
1 година

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi HIMO C26 Електричен велосипед - сив

3 начини на возење, мотор од 250 W, автономија до 100км, брзина до 25км/ч, LCD екран

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава низ цела Македонија | 1 година гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop