• -1000 

Xiaomi KingSmith WalkingPad K12 Трака за трчање

Шифра: 000373

29990 
28990 ден заштеди 1000  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Држач за раце, алуминиумска легура, автоматско подесување на брзина, далечински управувач со екран

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава 3-5 работни дена | 2 години гаранција

Количина
Распродадено


Xiaomi KingSmith WalkingPad K12 Трака за трчање

Новата паметна трака за пешачење на Xiaomi ќе ви помогне во одржување на кондиција и добра физичка форма во вашиот дом!

Моторот без четкици значително ја намалува потрошувачката на енергија и звукот. Лесната структура од алуминиумска легура ја прави траката уште полесна и поцврста, притоа овозможувајќи носивост до 100 килограми.

K12 траката е наменета како за пешачење така и за трчање. Опремена е со држач за раце и може да се расклопи за да ви овозможи поголема стабилност. Доколку го спуштите држачот, брзината автоматски ќе се ограничи на 6км/ч и тогаш ќе може да ја користите за пешачење и лесен џогинг. Доколку пак сте расположени за трчање, треба само да го расклопите и подигнете држачот и брзината автоматски ќе се подеси до 12 км/ч.

Исто така, се карактеризира и со вградено автоматско подесување на брзината до 9км/ч. Оваа брзина се прилагодува врз основа на вашите чекори. Траката со помош на сензорите ќе ја препознае местоположбата на вашите стапала и автоматски ќе ја прилагоди брзината.

Со цел да ви овозможи контрола при вежбањето, траката доаѓа со далечински управувач со LED екран со чија помош ќе може да ја менувате брзината, да паузирате или да го менувате начинот на работа. На LED екранот ќе може да ги прегледате податоците како број на чекори, поминати километри, време на вежбање, брзина со која се движите и потрошени калории. 

Тежи околу 33 килограми и е лесна за пренос од една во друга просторија. Преку апликација може исто така да добивате информации за вежбањето. Само поврзете се и може да ги имате на дофат на рака податоците како растојание, време, просечна брзина и слично.

Траката се препорачува да ја користат лица на возраст 14-60 години а има и можност за заклучување односно заштита за деца. Има заштита од преоптеретување, автоматски standby по 10 минути.

Технички податоци

Бренд
KingSmith
Модел
K12
Боја
Црна
Напредни функции
држач за раце кој може да се преклопи, поврзување со апликација, 12 км/ч максимална брзина
Димензии и тежина
148 x 79,2 x 106цм, 33 кг
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi KingSmith WalkingPad K12 Трака за трчање

Држач за раце, алуминиумска легура, автоматско подесување на брзина, далечински управувач со екран

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава 3-5 работни дена | 2 години гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop