Xiaomi Mi Smart Band 7 PRO Паметен Фитнес Тракер
Шифра: 039500
1,64" AMOLED екран на допир, 280 x 456 пиксели, 326 PPI, 5ATM, 110+ спортски начини, автономија на батерија до 12 дена при стандарден начин на користење, SpO2 пратење на заситеност на крвта со кислород
Xiaomi Mi Smart Band 7 PRO Паметен Фитнес Тракер
Пристигнува најновиот модел на паметен фитнес тракер – Xiaomi Mi Band 7 Pro. Се одликува со елегантен изглед и се претставува со одлични функции и перформанси.
За фантастично визуелно доживување и одлично корисничко искуство ќе се погрижи новиот 1.64"AMOLED екран во боја со 2.5D заоблено калено стакло и 70% "screen-to-body ratio" сооднос на телото со екранот на тракерот. Една од подобрите карактеристики е резолуцијата од 280 x 456 пиксели густина од 326 PPI. Текстот и иконите заземаат повеќе простор и со самото тоа е полесни за управување со допир.
Можете да го прилагодите тракерот според личните желби – пронајдете го совршениот екран кој ќе одговара на вашето расположение. Достапни се повеќе од 150 теми кои имате можност да ги менувате во зависност од ситуацијата – префинет, модерен или спортски изглед.
Xiaomi Smart Band 7 Pro исто така е вашиот нов фитнес сојузник. Откријте нови спортски искуства со 14 специјализирани начини на вежбање и можност за пратење на повеќе од 110 спортски начини. Тракерот е 5ATM водоотпорен и може да се користи и при активности во вода.
Освен спортските функции, сензорите со висока прецизност овозможуваат 24 часовно пратење на срцевите отчукувања, заситеност на кислород во крвта како и анализа на спиењето со детален извештај за длабок/лесен сон и РЕМ фазите. Тука е исто така и апликацијата Mi Fitness на која ќе можете да ги прегледате информациите за пулсот, вежбањето, спиењето, пратење на менструалниот циклус и слично.
Вградениот GNSS може да се синхронизира со вашиот телефон или да се користи самостојно за минимални вежби. Исто така, тракерот поддржува BeiDou, GPS, GLONASS, Galileoиi QZSS.
Xiaomi Smart Band 7 Pro е опремен со батерија која трае до 12 дена при нормално користење и до 6 дена кога се вклучени повеќе опции. Батеријата е со капацитет од 235 mAh и може да се полни со магнетски полнач околу 60тина минути.
Преку тракерот може да ја контролирате музиката, да прегледувате временска прогноза, да добивате нотификации за дојдовни повици и пораки, аларм, тајмер.
Технички податоци
- Бренд
- Xiaomi
- Модел
- Mi Smart Band 7 Pro
- Боја
- Црна
- Компактибилност со ОЅ
- Android 6.0 или понов, IOS 12 или понов
- Вид на дисплеј
- 1.64 Inch AMOLED, 280 X 456 Px,326 PPI
- Напредни функции
- 24 часовно пратење на срцеви отчукувања, SpO2, анализа на спиење, пратење на стресот и пратење на менструален циклус
- Сензори
- акцелерометар, жироскоп, сензор за амбиентално светло
- Сертификат за отпорност на вода и прашина
- 5ATM
- Батерија
- 235mAh, автономија до 12 дена и полнење со магнетен полнач околу 60 минути
- Димензии и тежина
- 44.7мм × 28.8мм × 11мм, 20.5g (без ремче), ремче 130 мм-205 мм
- Гаранција
- 1 година
Специфични референци
Рецензии
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи