Најновото од Xiaomi -  Mi Band 6 паметен фитнес тракер

Најновото од Xiaomi - Mi Band 6 паметен фитнес тракер

Новиот фитнес тракер Mi Band 6 нуди екран edge-to-edge многу поширок за разлика од претходниците. Се претставува со одлична автономија на батеријата и има можност за набљудување на многу повеќе спортски активности во споредба со претходните модели.

Новост во спортските активности се зумбата и танцувањето кои се дополнуваат на веќе постоечките, трчање, пливање, пешачење и друго.

1. Изглед и дизајн

Xiaomi Mi Band 6 е опремен со силиконско ремче и на прв поглед се чини дека ги има истите димензии како претходникот. Всушност, овој модел е поширок за околу 1 милиметар иако истото потешко се забележува. Неговите димензии се 47,4 x 18,6 x 12,7 мм, должината на ремчето може да се подесува помеѓу 155 и 219 мм.

2. Нов edge-to-edge екран

Најважната новост кај тракерот е големиот дисплеј од 1.56 инчи, односно 50% поголема површина во однос на 1.1 инчниот екран на Xiaomi Mi Band 5. Екран edge-to-edge значи дека копчето кое беше поставено под екранот кај претходната верзија, сега е целосно заменето со едноставен допир на екранот за управување со истиот.

Екранот останува AMOLED како и кај претходникот. Светлото гарантира одлично функционирање и употреба на тракерот и на сончева светлина, додека пак AMOLED екранот обезбедува одличен контраст.

Со цел што поголема заштита, екранот е изработен од калено заштитно стакло со заштита од отпечаток од прсти. Исто како и Mi Band 5, Xiaomi Mi Band 6 го покажува часот, чекорите, срцевите отчукувања, времето, известувања за повици и известувања од апликации.

3. Сензори

Mi Smart Band 6 опремен е со сензор за мониторинг на срцевите отчукувања - PPG, сензор Sp02, акцелерометар и жироскоп.

4. Мониторинг на различни активности

Една од најважните карактеристики на еден фитнес тракер се можностите за следење на физичката форма на корисникот, а во тој поглед производителот се потрудил и тоа доволно. Xiaomi Mi Band 6 значително го зголемува бројот на активности врз кои може да врши мониторинг. Mi Band 5 нудеше 11 спортски активности, додека пак Mi Band 6 достигнува до 30 видови спорт.

Помеѓу новите спортови, ќе ги најдете зумба, танцување, stretching и слични. Тракерот автоматски ги препознава следните видови спорт: трчање, пешачење, пешачење на трака, велосипедизам, веслање и статична справа за вежбање.

Благодарение на оваа нова опција, тракерот може да препознае дали практикувате некоја од горенаведените активности и да почне да го регистира тренингот без притоа вие сами рачно да го подесувате.

5. Мониторинг на сонот и на женското здравје

Присутен е SpO2 вграден сензор со чија помош тракерот врши мониторинг на дишењето во вечерните часови, ги набљудува различните фази на сонот со информации како квалитет на истиот и времетраење

Со PPG сензорот, Mi Band 6 овозможува непрекината контрола на срцевите отчукувања. Има исто така нов начин базиран на варијабилноста на срцевите отчукувања за откривање на ниво на стрес во текот на денот. Исто како и претходниот тракер Mi Band 5, Mi Band 6 нуди мониторинг на менструалниот циклус, што е доста корисно за женската популација.

Mi Band 6 е водоотпорен до 5 ATM, што значи дека може да издржи до 50 метри длабочина околу 10тина минути.

Тракерот е веќе достапен на нашата веб страна, а вашата нарачка може да ја направите на следниот линк Xiaomi Mi Band 6

Коментари


Остави коментар