- -1100







Шифра: 000286
Xiaomi IMILAB KW66 паметен часовник, 1,2-инчен заоблен екран во 3D HD резолуција, IP68 сертификат за водоотпорност
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 2 години гаранција
Паметниот часовник IMILAB KW66 е повеќенаменски и се одликува со модерен, тенок и лесен дизајн. Опремен е со 1,2 инчен заоблен екран во 3D HD резолуција, 240 x 240 пиксели.
Производителот на IMILAB посветил посебно внимание на батеријата од 340 mAh која на самиот часовник му овозможува во standby да трае до 30 дена, додека пак при секојдневна употреба батеријата е со времетраење од 15 дена (во зависност исто така и од користењето). Полнењето се одвива преку магнетски кабел за полнење.
Со цел изгледот на часовникот во целост да го прилагодите на вас и вашиот стил, имате можност да одберете разни позадини кои може бесплатно да се преземат и постават на апликацијата GloryFit. Изгледот на часовникот можете во секое време да го прилагодите на моменталната состојба. За полесно користење на производот, истиот кога е поврзан со вашиот паметен телефон ќе прикажува најразлични податоци, како повици, пораки и други известувања од други апликации. Паметниот IMILAB KW66 часовник има вграден оптички сензор за мерење на отчукувањата на срцето. Сензорот е исто така поддржан од напреден алгоритам кој овозможува целосно мерење на срцевите отчукувања и во состојба на мирување и за време на физичка активност.
Овозможува прецизно мерење на дури 13 видови вежбања: трчање, возење велосипед, пешачење, планинарење, тенис, кошарка, бадминтон, фудбал, рагби и јога. Целосно затворената конструкција и сертификатот IP68 за водоотпорност дозволуваат употреба на часовникот и при дождливо време, при миење раце.
Отпорен е на пот за време на физичка активност, а може да се користи и при пливзње во базен.
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи