ADO D30C Електричен велосипед - сив

Шифра: 000745

93490 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

мотор 250W 42Nm, батерија 36V 10.4Ah, до 25км/ч, G drive 2.0, гуми од 27.5"

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава до дома | 1 година гаранција

Количина
На залиха

ADO D30C електричен велосипед - сив

Ви го претставуваме новиот електричен велосипед ADO D30C – одлични перформанси во комбинација со атрактивен и модерен дизајн.

Се движи со помош на одличниот мотор со јачина од 250W и батерија со капацитет од 36V 10.4AH која овозможува автономија до 90км* и брзина до 25 км/ч.

D30C може да го користите на два начини: механички односно класичен начин на возење велосипед и хибриден начин со помош на мотор.

За што посигурно кочење, кочниците поставени се напред и назад, а гумите со големина од 27.5 инчи овозможуваат стабилност при различни услови на возење. За уште поголема удобност и сигурност, велосипедот е опремен со предни амортизери кои може рачно да се подесат и исклучат при возење по рамна површина или пак да се вклучат при возење на нерамни делови.

Во комбинација со новиот ADO G-DRIVE 2.0 состав за интелигентно препознавање, ADO C30S автоматски ќе ја прилагоди моќта на возење според средината во која се наоѓа корисникот.

Исто така, велосипедот е опремен и со Shimano менувач со 9 различни преноси на брзина.

Велосипедот се карактеризира и со HD LCD екран кој ги прикажува сите релевантни информации во врска со возењето. Опремен е и со предно LED светло и задно рефлектирачко светло. Под екранот се наоѓа и USB приклучок со чија помош може да го наполнете вашиот мобилен телефон.

Велосипедот издржува максимална носивост до 120 килограми.

*Наведената автономија е постигната од страна на производителот при идеални услови со корисник со тежина од 70кг, на рамна површина и возење 15км/ч. Самата автономија на велосипедот зависи од начинот на користење, брзината, тежина на корисникот, површината, врста на терен, временски услови и сите останати услови кои би можеле да влијаат на возењето.

Напомена!

Пред секое возење проверете го вашиот велосипед. Доколку воочите дека недостасуваат делови, некаква оштета, празни гуми или празна батерија не користете го.

За да избегнете оштетување од вода, за време на чистењето погрижете се велосипедот да е исклучен, полначот да не е приклучен и гумениот дел на напојувачот да е добро прицврстен.

За да осигурате долг животен век на батеријата и да спречите оштетување, не го оставајте велосипедот на сончева светлина подолго време. Доколку истиот не го користите подолго време, полнете ја батеријата еднаш месечно а велосипедот чувајте го на температура од најмалку 10°C.

Сите потрошни делови се дел од редовното одржување од страна на корисникот. Поради тоа секој корисник е должен откако ќе го прими велосипедот добро да провери вентили, гуми, светла, ланец и сајли, кочници и се она што со користење се троши и веднаш да ја извести нашата фирма.

Корисникот е должен да го одржува велосипедот, редовно да го сервисира и користи според упатството. Несоодветното чување и користење може да предизвика оштетувања или намалување на перформансите а тоа не е покриено од гаранција.

За поголема сигурност во сообраќајот, редовно проверувајте ги кочниците и редовно сервисирајте ги.

Технички податоци

Бренд
ADO
Модел
D30C (City)
Боја
Сива
Материјал на куќиштето
Алуминиумска легура
Напредни функции
мотор 250W 42Nm, до 25km/h, G drive 2.0, гуми 27.5", предни и задни хидраулични кочници, предни подесиви амортизери
Батерија
36V 10.4Ah, време на полнење 6-7 часа
Димензии и тежина
1800*640*1100мм, 22кг
Гаранција
1 година

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

ADO D30C Електричен велосипед - сив

мотор 250W 42Nm, батерија 36V 10.4Ah, до 25км/ч, G drive 2.0, гуми од 27.5"

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава до дома | 1 година гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop