НОВИТЕТИ ЗА ВАШАТА ДОМАШНА ТЕРЕТАНА!

НОВИТЕТИ ЗА ВАШАТА ДОМАШНА ТЕРЕТАНА!

Смартус секојдневно се труди да ви ги понуди најновите и најдобри смарт уреди произведени од Xiaomi и нивните соработници. Овој пат како новитети во нашата понуда ги издвојуваме Статичниот велосипед Xiaomi Yesoul M1, OVICX Q100C Статичен велосипед, KingSmith Rowing Machine WR1 Фитнес веслач, Xiaomi Mi Band 7 Pro паметен фитнес тракер. 

Xiaomi Yesoul M1 е статичен велосипед кој се карактеризира со ергономски и модерен изглед и е совршен за домашна употреба. Со негова помош успешно ќе согорувате калории и ќе ги зајакнете стомачните мускули.

Само поврзете го со мобилната апликација Yesoul Sports и во секое време ќе имате на дофат на рака податоци и статистики од вашите резултати и напредок. Во зависност од вашата моментална состојба и подготвеност подесувајте го интензитетот на возење.

Статичниот велосипед е достапен во бела и црна боја.

OVICX Q100C е друг модел на статичен велосипед што ќе го најдете во нашиот каталог. Опремен е со LCD екран кој ги прикажува сите релевантни податоци од вашиот тренинг и тоа во реално време.

Неговите ергоносми рачки овозможуваат правилна поставеност на телото за што поголема удобност и практичност. Може да ја подесувате висината на седиштето и на рачките.

Еден од поинтересните новитети е новиот производ на KingSmith односно фитнес веслач Xiaomi KingSmith WalkingPad WR1. Навистина интересен е неговиот дизајн. Кога не го користите, веслачот може да го преклопите три пати и да го користите како масичка во дневниот престој.

Веслачот е идеален за користење во домашни услови бидејќи меѓудругото не зафаќа голема површина. Зацврстете ги стомачните мускули, гради и рамена. Поврзан на апликацијата KS Fit, веслачот ќе ви ги прикаже податоците од вашето вежбање како на пример брзина, број на согорени калории, број на срцеви отчукувања и слично.

Како ваш добар сојузник во вежбањето, ви го најавуваме пристигнувањето на најновата верзија од паметните фитнес тракери – Xiaomi Mi Smart Band 7 Pro. Фитнес тракерот е достапен во пред нарачка на нашата официјална веб страна а неговото пристигнување е планирано кон средината на месец ноември.

Што друго е новитет во каталогот на Смартус проверете на smartus.mk

Коментари


Остави коментар