• -1000 

Xiaomi Roborock 2 (Roborock S55) Робот Правосмукалка Црн

Шифра: 326794

29990 
28990 ден заштеди 1000  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Ласерска ориентација, моќно вшмукување, мапирање на домот, планирање патека на чистење, 5200mAh батерија, Wi-Fi „smart fast link“ поврзување, контрола преку апликација

Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија

Количина
Распродадено


Xiaomi Mi Robot 2 (Roborock S55) Правосмукалка и чистач на под

Чистењето никогаш не било полесно и попаметно! Исчисти го подот во целата куќа без да ја напуштиш удобноста на твојот кауч. Контролирај го роботот преку твојот мобилен уред во било кое време, дури и кога не си дома.

Roborock S55 (Xiaomi Roborock 2) ја претставува втората генерација на роботи за чистење Xiaomi Mi. Се работи за интернационалната верзија на производот, на коишто се преинсталирани повеќе јазици (вклучувајќи и англиски).

Создаден е за да ги поедностави нашите мали секојдневни обврски. Не е само обичен робот правосмукалка; новата подобрена верзија, благодарение на вградениот резервоар за вода и посебната крпа изработена од микрофибер, има функција и на џогер.

Има модерен, округли дизајн и димензии од 35 см х 35,3 см, висина од 9,65 см и тежок е само 3,5 килограми. Површината е сјајна и црна. Перфектно и естетски се прилагодува со стилот на било кој ентериер.

Едноставно приклучи го полначот во штек, позиционирај го роботот на базата и остави го да се наполни. Додека се полни можеш бесплатно да ја преземеш апликацијата Mi Home и да го додадеш твојот нов робот во апликацијата и потоа автоматски се поврзува со домашниот WI-FI. Отпочнувајќи ја Mi Home ќе имаш целосна контрола на Roborock S55. 

Системот за навигација на Roborock S55 овозможува ласерско 3D скенирање на околината со LDS (laser distance sensor) што ротира 360 степени, 5 пати во секунда. Благодарение на оваа функција моментално е класифициран меѓу најдобрите, и воедно најекономични роботи на пазарот кои ја поседуваат оваа карактеристика.

Апликацијата веднаш ја отвара виртуелната мапа креирана врз основа на последното чистење, а исто така ќе ја прикаже локацијата на роботот. Од главниот екран може да се избере дали Roborock да започне со стандардно чистење, да се врати на полнач или да исчисти само одредена област од куќата.

Доволно е интелегентен да ја открие најдобрата патека за чистење преку мапирање на вашиот дом, земајќи ги во предвид пречките и мебелот. Се карактеризира со импресивна серија на сензори за препознавање на скали во близина (да се избегне пад и оштетувања), да ја препознае локацијата на базата за полнење, да ги препознае движењата, состојбата на резервоарот, присуство на пречки (објекти со висина над 2 см), брзина на движењето, брзина на ротацијата на четките и разните сензори за близина што служат за да се избегнат удирања во ѕидови и мебел. Роботот може да се контролира дури и кога си на работа. Сепак е убаво после напорен ден да се вратиш во веќе исчистена куќа, нели?

Дополнително е подобрена и неговата ефикасност, што се однесува до времетраењто на чистење и употребата на батерите, Roborock Ѕ55 има одлична автономија која, благодарение на батеријата од 5200 mAh, достигнува до два и пол часа. Со едно полнење може да исчисти од околу 250 м2. Ако тоа не е доволно, ќе се врати на базата за брзо полнење, по потреба ќе продолжи со чистење на останатиот дел, почнувајќи од местото каде што застана.

Благодарение на опцијата “Carpet Boost”, ги препознава теписите (максимална висина до 2 см) и ја зголемува моќта на смукање. Доколку е потребно подетално чистење на сите останати подни површини, доволно е да се прикачи резервоарот за вода и една од крпите на задниот дел од роботот. На тој начин, роботот за смукање постанува и мини џогер, кој со помош на влажните крпи дополнително ке го исчисти подот. Филтрирање се одвива со помош на ХЕПА филтер.

Одржувањето на уредот е едноставно. По секој циклус на чистење, препорачливо е да се испразни садот за нечистотија, кој има капацитет од околу половина литар. Филтерот може да се чисти, но исто така и по потреба да се мие. Крпите од микрофибер може да се перат и истите да се користат повеќе пати.

Во прилог на правосмукалката, пакетот содржи и дополнителен филтер за замена, сад за вода, крпа за чистење на подови и прирачник за употреба. Секако, вклучена е и базата за полнење со вграден адаптер, каде што роботот сам ќе се врати на полнење, по завршувањето на чистењето или кога батериите се скоро празни.

Те интересира како вистински фукнционира? :) Епа не ја пропуштај и видео презентацијата на главните карактеристики на Roborock 2: 

Технички податоци

- 14,4V/5200mAh литиум-јонска батерија

- 58W моќ

- 2000Pa вшмукувачка моќ

- Wi-Fi „smart fast link“ поврзување

- База за полнење со инфрацрвен радиус од 180 степени

- Сад за нечистотии: 0,48 литри

- Димензии 353 x 350 x 96,5 mm Тежина 3,5 kg

- Пакетот содржи: Roborock 2; База за полнење; Кабел за напојување; Сад за вода; Крпа од микрофибер; Прирачник на англиски јазик

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
Mi Robot 2 ( Roborock S55)
Боја
Црна
Wireless
WI-FI паметно брзо поврзување
Моќ
Вшмукување: 2000Pa
Сензори
12 сензори; LDS, ултразвучен радарски сензор, сензор за скали, жироскоп и акцелерометар
Батерија
Батерија: 14.4V / 5200mAh литијска Напон: 14.4V Моќ: 58W Траење: 2.5часа
Димензии и тежина
Тежина: околу 3,5 kg Димензии: 353 x 350 x 96,5 mm
Пакет
1x Mi Robot 2 1x База за полнење 1x Кабел за напојување 1x крпа за чистење 1x Резервоар за вода
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Roborock 2 (Roborock S55) Робот Правосмукалка Црн

Ласерска ориентација, моќно вшмукување, мапирање на домот, планирање патека на чистење, 5200mAh батерија, Wi-Fi „smart fast link“ поврзување, контрола преку апликација

Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија

Остави коментар

PrestaShop